Слезовидни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: пијалоците → пијалаците
поправка на правопис - пијалак наместо пијалок
Ред 15:
[[Податотека:2006 08 10 Hollyhock.JPG|мини|десно|''Hibiscus moscheutos'']]
 
'''Слезовидните''' ([[науч.]] ''Malvales'') се [[ред (биологија)|ред]] на [[цветни растенија]] со 6.000 [[вид (биологија)|видови]] во 9 [[фамилија (биологија)|фамилии]] ([[APG II]]). Редот е сместен во класата [[еврозиди II]] од групата на [[евдикоти]]те.
 
Растенијата од овој ред се претежно мали [[грмушка|грмушки]] и [[дрво (растение)|дрва]]; највеќето фамилии се одликуваат со [[космополитизам (биологија)|космополитска]] распространетост во [[тропи]]те и [[суптропи]]те и ограничено присуство во [[умерена клима|умерените]] подрачја. Интересен случај е [[Мадагаскар]], каде има три [[ендем]]ски фамилии на слезовидни растенија (Sphaerosepalaceae, Sarcolaenaceae и Diegodendraceae).
 
Многу видови од редот се познати по дрвото што го даваат. Такви се [[балза]]та (''Ochroma'') која се цени бидејќи е лесна, и [[липа]]та (''Tilia''), која е погодна за резбање. [[Какаово дрво|Какаовото дрво]] (''Theobroma cacao'') ја дава основната состојка во [[чоколадо]]. Оревите од растението [[кола (растение)|кола]] (''Cola'') се значајни поради [[кофеин]]от што го содржат, и од кои во минатото се правеле пијалаците [[кола (пијалокпијалак)|кола]]. Други попознати членови се [[маслиница]]та, [[хибискус]]от, [[украсен слез|украсниот слез]], [[бамја]]та, [[баобаб]]от, [[памук]]от и [[капок]]от.
 
Растенијата имаат разновидна [[морфологија (биологија)|морфологија]] и не делат многу заеднички особини. Најчесто се среќаваат [[Облици на листови|дланковидните]] [[лист (ботаника)|листови]], споени [[чашка (ботаника)|чашки]] и извесна структура и хемиски состав на семето. Кората честопати е влакнеста, направена од слоеви мек [[флоем]].