Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Детство и рано образование: 1818–1836: Јазична исправка, replaced: дуел → двобој
Додадени поднаслови Економија и Комунизам
Ред 201:
 
== Учење ==
 
=== Економија ===
 
==== Капиталот ====
Капиталот е наслов на делото на Карл Маркс, што е објавено во три тома. Првиот том ce појави во 1867 г. По смртта на Маркс, Фридрих Енгелс го среди Марксовиот ракопис и во 1885 г. го објави вториот, a во 1894 г. третиот том на „Капиталот”. Во предговорот на првиот том Маркс укажува дека целта на ова дело е да ги разоткрие законите на економскиот развој на капиталистичкото општество.
 
Методолошки Марксовата анализа тргнува од општото кон посебното, односно од суштината на капиталистичкиот начин на производство - производството на вишок на вредноста, кон неговите појавни облици.
 
Во првиот том на „Капиталот”, што носи наслов „Процесот на производство на капиталот”, во кој материјата е изложена во 7 оддели, Маркс го анализира производството на вишокот на вредноста , акумулацијата и капиталистичката репродукција, дејството на економските закони што ги создаваат материјалните и општествените претпоставки на развојот на капиталистичкиот начин на производство.
 
Во вториот том Маркс го анализира прометниот процес на капиталот, што го изложува во три оддели: кружно движење и метаморфоза на капиталот, обрт на капиталот и репродукција и промет на целокупниот општествен капитал.
 
Во третиот том Маркс ја анализира појавната страна на капиталистичкиот економски процес, давајќи му наслов „Целокупниот процес на капиталистичкото производство”. Овде ce опфатени основните манифестации на капиталистичката распределба на вишокот на вредноста и законите на формирање на капиталистичките форми на доходи. Овие проблеми ce обработуваат во седум оддели: претворање на вишокот на вредноста во профит и стапката на вишокот на вредноста во профитна стапка, претворање на профитот во просечен профит, законот за тенденциско паѓање на профитната стапка, претворање на стоковниот и паричниот капитал во стоковнотрговски капитал и парично-трговски капитал, делење на профитот на интерес и претприемачка добивка и интересоносниот капитал,претворање на екстра профитот во земјишна рента и доходите.
 
==== Закон за тенденциско опаѓање на профитната норма ====
Законот за тенденциско опаѓање на профитната стапка го формулира Маркс во III том на „Капиталот”, чијашто суштина ce состои во следново: Профитот е мотив за капиталистите да вложуваат капитал во стопанството. А, пак, ефикасноста на капиталот ce мери со висината на профитната стапка. Стремежот за екстра профит, од една страна, и опстанокот во конкурентската борба, од друга, ги тера капиталистите да акумулираат, и тоа мора да акумулираат со зголемен органски состав на капиталот. Согласно со тој процес расте општествената продуктивност, односно низ тој процес ce остварува техничко– технолошкиот прогрес и развојот на производните сили. Зголемувањето на органскиот состав на општествениот капитал и зголемувањето на општествената продуктивност на трудот, при иста стапка на вишокот на вредноста, доведува до обратен процес: до паѓање на општата профитна стапка. Меѓутоа, профитната стапка е индикатор за ефикасноста на капиталот, од која произлегува побудата за инвестирање. Ако профитната стапка паѓа, ce определуваат економските граници на капиталистичкиот начин на производство, бидејќи главниот лост врз кој тој ce потпира –откажува. Потребата од зголемување на органскиот состав на капиталот и опаѓањето на профитната стапка ги изразува економските противречности на капиталистичкиот начин на производство, неговата економска ограниченост и историска преодност. Значи, самиот капитал ги одредува границите на капиталистичкиот начин на производство.
 
Но, Маркс вооочи сили со спротивно дејство, што го спречуваат паѓањето на профитната стапка, не допуштаат да паѓа повеќе отколку што би требало да паѓа со оглед на прогресивното зголемување на органскиот состав на капиталот со развојот на капитализмот. Токму затоа, општиот закон за паѓање на профитната стапка добива карактер на тенденција, т. е. тој ce преобразува во закон за тенденциско паѓање на профитната стапка. Маркс наведува 5 фактори што дејствуваат во спротивен правец на паѓањето на профитната стапка: 1. наголемување на степенот на експлоатација на работната сила со зголемување на апсолутниот и релативниот вишок на вредноста што предизвикува пораст или спречување на паѓањето на профитната стапка; 2. снижување на наемнината под вредноста на работната сила; 3. поевтинување на елементите на постојаниот капитал; 4. релативната пренаселеност; 5. надворешната трговија.
 
===== Законот на вредноста =====
Законот на вредноста – (анг. law of value; франц, loi de la valeur; шпан, ley del valor; гер. Wertgesetz, Arbeitswerttheorie; pyc. закон стоимости), е основен економски закон на стоковното производство, што на стихиен начин ги регулира економските односи во општествената репродукција, a ce состои во тоа што вредноста на стоката ce определува co работното време што е општествено потребно за нејзиното производство. Големината на вредноста на стоката не ce определува со индивидуално потрошениот, туку со општествено потребниот труд. Содржината на законот на вредноста ce состои во сведување на индивидуалните работни времиња во општествено потребно работно време, односно во сведување на индивидуалните вредности на еден вид стока во општествена, т. е. пазарна вредност. Тоа сведување станува низ пазарните односи, низ конкуренцијата. Вредноста ce создава во областа на производството, меѓутоа, доаѓа до израз на пазарот преку нејзината цена.
 
Стоковното производство низ својот развој минува низдве историски форми, како просто и капиталистичко. Во секоја од нив законот на вредноста дејствува на специфичен начин. Но, сепак, постојат извесни белези што ce општи.
 
Цената претставува паричен израз на вредноста на стоката. Меѓутоа, поради неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката , цената отстапува од вредноста и осцилира околу неа. Колебањето на цените на стоките во зависност од понудата и побарувачката и движењето на понудата и побарувачката во зависност од движењето на цените, го претставува механизмот на дејството на законот на вредноста.
 
Движењето на цените, односно колебањето на цените на стоките околу вредноста претставува основа или патоказ за самостојните стоковни производители што да произведуваат, во кое количество и за кого. Co оглед на тоа, на спонтан начин ce определува обемот и структурата на општественото производство и ce врши распределбата на целокупниот општествен фонд на трудот во определен сразмер на соодветни стопански гранки и области.
 
Законот на вредноста дејствува на стоковните производители како надворешна слепа сила што им ce наметнува независно од нивната волја, којашто ги присилува и ги стимулира постојано да го снижуваат своето индивидуално работно време, односно да ja снижуваат индивидуалната вредност на својата стока, да ja подигаат продуктивноста на трудот, a co тоа да ги развиваат производните сили. Низ играта на цените ги примамува производителите да ce определат за производство на онаа стока што на пазарот најдобро врви, на тој начин ce определуваат за производство на онаа стока што на општеството му треба во даденото време. Според тоа, законот на вредноста со невидлива рака, низ пазарните односи ja регулира општествената репродукција, ги развива производните сили, присилува да ce прави економија (заштеда) на општествениот труд. Меѓутоа, влијае и врз елиминирањето на нерационалните производители.
 
Дејството на законот на вредноста во современиот капитализам е ограничено од силното влијание на монополите и мешањето на државата во стопанството. Во современи услови дејството на законот на вредноста ce комбинира co планирањето како облик на свесно регулирање на општествената репродукција.
 
====== Трудова теорија на вредноста ======
Според објективната трудова теорија на вредноста, вредноста претставува определено количество материјализиран, т.е. опредметен човечки труд во стоката, Таа го изразува она што e заедничко за сите стоки и што ja овозможува размената на разновидните стоки. Содржината на вредноста ja сочинува апстрактниот труд, a големината на вредноста co времето што e општествено потребно за нејзиното производство. Разменувајќи ги своите производи како стоки, всушност луѓето го разменуваат својот труд што го вложиле во нивните стоки. Само производите што ce разменуваат добиваат својство на вредност, односно вредноста ce јавува само во стоковното, пазарното производство. Во натуралното производство таа не постои, овде производите ce јавуваат само како употребни вредности. Стоковното производство e двоен процес: процес на создавање употребни вредности, што значи материјален процес, но истовремено процес на создавање вредност.
 
Стоката претставува единство на употребна вредност и вредност. Употребната вредност како природен белег го изразува корисното својство на стоката. Наспроти тоа, вредноста означува општествен белег, општествен однос. Низ вредноста се воспоставуваат општествено-економските односи на луѓето.
 
Вредноста на стоката ce создава во производството, ce изразува во размената добивајќи форма на разменска вредност, што претставува квантитативна пропорција во која едно количество стока од еден вид ce разменува за друго количество од друг вид (на пр. 1 рало чевли = 100 kg пченица). Co развојот на стоковната форма на вредноста определена стока станува општ еквивалент што прераснува во паричен еквивалент, co кој ce изразува вредноста на сите стоки. Co пари изразената вредност на стоката добива форма на цена. Вредноста ce создава во производството, a цената ce определува на пазарот. Според тоа, иако цената e паричен израз на вредноста на стоката, поради неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката настанува отстапувања на цената од вредноста на стоката, што го претставува механизмот на дејството на законот на вредноста преку кој ce врши алокација на вкупниот општествен труд на одделни гранки.
 
Трудовата теорија на вредноста почнува co Вилјам Пети. Адам Смит и Давид Рикардо ce сметаат за најголеми претходници на оваа теорија пред Маркс.Маркс го акцептира рационалното јадро од класичната политичка економија.
 
Тој ja коригира, ja дополни и натаму ja разви трудовата теорија на вредноста. Од неа Маркс ja изведе теоријата за вишокот на вредноста (a co тоа теоријата за експлоатацијата).
 
==== Вишок на вредноста ====
Вишок на вредноста - (српхрв. вишак вредности, рус. прибавочная стоимость, анг. surplus value, фр. plus value, итал. plusvalore, гер. Mehrwert), основна категорија во Марксовата економска теорија. Претставува дел од новосоздадената вредност на стоката што останува над вредноста на работната сила, a e резултат на присвојување на вишокот на трудот на наемните работници од страна на капиталистите сопственици на средствата за производство.
 
Капиталистичкиот економски процес почнува co вложување капитал во форма на пари, co кои ce купуваат според својата природа два вида сосема различни стоки: средства за производство, како материјален фактор, и работна сила, како личен фактор, и штом работната сила ќе ги дофати средствата за производство, почнува да тече процесот на производството, од кој на другата страна излегуваат новосоздадени стоки. Вредноста на овие стоки e поголема од онаа што e вложена во почетокот за износот на вишокот на вредноста што претставува определен квантум на неплатен труд на наемните работници. Кога ќе ce продаде стоката, ќе ce поврати вложениот и потрошениот капитал и ќе ce оствари вишокот на вредноста. Ha тој начин ce остварува целта: ce оплодува капиталот, создава вишок на вредноста. Co акумулација, т.е. co капитализација на вишокот на вредноста, расте капиталот. Оттука, капиталот може да ce дефинира, од една страна, како вредност што para вишок на вредноста, a од друга капиталот претставува акумулиран вишок на вредноста, што во суштина значи акумулиран неплатен труд на работничката класа.
 
Во процесот на производството работната сила ja пренесува вредноста од потрошените средства за производството на новиот производ и за онолку колку што вложува жив труд за толку создава нова вредност. Пренесената (старата) вредност и новосоздадената (новата) вредност заедно ja сочинуваат вкупната вредност на стоката . Co продавањето на стоката реализираната пренесена вредност служи за обновување на потрошените средства за производство. Новата вредност што ja создава работната сила e поголема од својата сопствена вредност. Разликата меѓу овие две големини ja сочинува вишокот на вредноста, односно делот што останува од новата вредност над вредноста на работната сила , го сочинува вишокот на вредноста. Во помал дел од работниот ден работникот ja создава својата вредност (која изразена во пари добива облик на наемнина), коешто време претставува потребно работно време, a вложениот труд за потребното работно време претставува потребен труд. Времето од работниот ден, што ja минува границата на потребното работно време, претставува вишок на работно време во кое работникот дава бесплатно вишок на трудот што ce материјализира во вишок на вредноста. Ce користат разни методи за да ce добие што поголем вишок на вредноста. Пред очите на капиталистите вишокот на вредноста изгледа како резултат на целокупниот вложен капитал и ce вика профит , што всушност претставува појавна форма на вишокот на вредноста.
 
Непосредно вишокот на вредноста ce создава во областа на производството. Меѓутоа; тој e извор на доходите на сите видови капиталисти. Капиталистот индустријалец го дели co капиталистот трговец, co заемовниот капиталист и земјосопственикот. Поради тоа, вишокот на вредноста добива појавна форма на индустриски профит, трговски профит, претприемачка добивка, интерес и земјишна рента. Профитот, интересот и рентата својот извор го имаат во вишокот на вредноста, co други зборови во неплатениот труд на наемните работници производители. Иако појавно изгледаат како независни, самостојни големини, всушност тие ce само преобразени форми на вишокот на вредноста.
 
Енгелс во „Анти Диринг”- истакнува дека откритието на вишокот на вредноста „претставува епохална заслуга на Марксовото дело.
 
Тоа решение фрли јасна светлина врз економското подрачје каде што порано и социјалистите тапкаа во најдлабок мрак, исто онака, како и буржоаските економисти. Од него датира, околу него ce групира, научниот социјализам”.
 
Во целината на Марксовото економско учење вишокот на вредноста e логична консеквенција на трудовиот принцип на вредноста.
 
====== Производствен и непроизводствен труд ======
Трудовата теорија за вредноста, односно теоријата за вишокот на вредноста имплицира дека капиталистичките производствени односи ce експлоататорски односи, т.е. дека капиталистичкиот начин на производство ce потпира врз експлоатацијата на работничката класа. Доходите на одделните делови на капиталистичката класа: индустрискиот профит, трговскиот профит, интересот и рентата, ce делови на вишокот на вредноста, т.е. појавни форми на неплатениот вишок на трудот на работничката класа. Со тоа тој ја негира теоријата за класната хармонија и учењето дека самите мртви средства за производство им создаваат доход на нивните сопственици капиталисти.
 
Марксистичката политичка економија разликува изворен или оригинален доход (којшто ce создава со трудот на производителите, односно на производствените организации) и изведен доход (којшто со распределба и прераспределба на изворниот доход ce формира доходот на непроизводните субјекти). Во согласност со тоа, во капитализмот доходите произлегуваат од трудот и од сопственоста. Во првата група спаѓа наемнината, што ja присвојуваат работниците, a во втората група вишокот на вредноста што ce присвојува во вид на профит, интерес (камата), дивиденда и рента.
 
====== Теорија за капиталот ======
Марксовата теорија за капиталот концепциски поаѓа од трудовата теорија на вредноста и мотивот на капиталистичкиот начин на производство: оплодување на капиталот како вредност. Според тоа, капиталот ce дефинира за определена вредност што paѓa вишок на вредност, вредност што ce оплодува, a вишокот на вредноста е вишок на трудот, т.е. неплатен труд на наемните работници, што го присвојуваат сопствениците на капиталот. Ако капиталот не ce оплодува, т.е. не создава вишок на вредност, го губи својството на капитал. Со акумулација, т.е. со капитализација, со претворање на вишокот на вредноста во капитал, ce зголемува капиталот. Со оглед на тоа, уште една дефиниција: капиталот претставува акумулиран вишок на вредноста, односно акумулиран неплатен труд. Освен со акумулација т.е. со концентрација , капиталот ce зголемува и со извесни методи на централизација.
 
Средствата за производство (што како материјален фактор ce нужни за производството во секој начин на производство) и парите (што ce појавија многу порано пред капитализмот), сами по себе не ce капитал. Според тоа, капиталот не е предмет, туку општественоекономски однос што ce изразува преку предметите. Кога средствата за производство ce монополизираат и стануваат приватна сопственост на една класа - капиталистичката, a другата класа - работничката, бидејќи не располага со средства за производство или со некој друг извор за живеење, економската нужда ја присилува својата работна сила да им ја продава на сопствениците на средствата за производство. Само во ваквиот однос средствата за производство стануваат капитал, средства за создавање вишок на вредност.
 
Од гледиштето на создавањето на вишокот на вредноста капиталот ce дели на два дела: постојан (константен) што ce вложува во средства за производство и променлив (варијабилен) што ce вложува во наемна работна сила што во процесот на производството ја пренесува потрошената вредност од средствата за производство на новиот производ, ја репродуцира својата вредност, т.е. наемнината и за капиталистот создава вишок на вредност.
 
Капиталот ce оплодува низ кружно движење , при што минува низ три фази, ce јавува и менува три форми: парична, производна и стоковна и во секоја од нив врши посебна функција: набавна, производна и продажна. Првата и третата ce прометни функции. Капиталот почнува со пари и завршува со пари, но во поголем износ, во висина на вишокот на вредноста. Капиталот што минува три фази и добива три форми ги менува сите три и истовремено ce наоѓа во сите нив, при што во секоја од нив врши посебна функција, е наречен индустриски капитал. Прометните форми на капиталот ce осамостојуваат во трговски и заемовен капитал.
 
Со обединувањето на индустрискиот, трговскиот и банкарскиот капитал ce создава финансиски капитал.
 
Koгa кружното движење на капиталот ce гледа како континуиран процес што ce одвива во одредено време ce наречува обрт на капиталот . Од тоа гледиште капиталот ce дели на: основен или фиксен (што ce вложува во средствата на трудот што постепено ce трошат и постепено ја пренесуваат вредноста од нив на новите производи) и обртен или циркулационен (што ce вложува во предметот на трудот и во работната сила и сета своја вредност ја пренесува на новиот производ).
 
Од книговодствено гледиште, капиталот ce дефинира како вкупна вредност на имотот на еден стопански субјект, т.е. вкупната вредност што ce води од зградите, опремата, земјата итн. минус сумата на обврските (долговите).
 
Од финансиско гледиште под капитал ce подразбира сумата пари што е нужна за да ce инвестира, т.е. да ce почне со еден деловен потфат.
 
=== Филозофија ===
Ред 234 ⟶ 313:
 
Маркс смета дека борбата меѓу капиталистите и [[пролетaријат]]от ќе биде последна фаза од класната борба (која ќе заврши со револуционен пресврт), и тоа општество ќе биде заменето со бескласно општество - [[комунизам]], во кое ќе нема разлики меѓу богатите и сиромашните и ќе дојде до воспоставување на поправедно општество.
 
=== Комунизам ===
Комунизам (фр. com­munisme од commun - заеднички, општ; од лат. communis - заеднички, општ, communitas - заедница; анг. communism) е теорија за идно бескласно општество, кое ce засновува врз општествена сопственост на средствата за производство, еднаквост меѓу луѓето и еднаквост во распределбата на средствата за живот.
 
Идејата за комунистички општественоекономски систем ce провлекува низ историјата на човечкото општество. Како посебна насока на општествено-економската и политичката мисла претставува утопискиот социјализам , кој ce јавува во почетокот на 16 век (со појавата на првобитната акумулација на капиталот) и највисок подем достигнува по индустриската револуција во првата половина на 19 век. Социјалистите утописти конструираа идеално општество, коешто треба да го замени капиталистичкото, како неправедно општество. Карактеристично за нив е што комунистичкото општествено уредување го темелеа врз етички и хуманистички принципи и убедување на сопствениците за доброволно пристапување кон овој систем.
 
Посебно значење има учењето на Маркс и Енгелс, кое ce јавува во услови на развиениот капитализам, односно класичниот или либералниот капитализам. Тие комунизмот го темелат врз основа на законите на економскиот и општествениот развој на капитализмот: акумулацијата на капиталот, концентрацијата и централизацијата на капиталот, поопштествувањето на капиталот, разделувањето на функцијата сопственост на капиталот од функцијата управување и раководење со капиталот, тенденциското паѓање на општата профитна стапка како ограничувачки фактор на капиталистичкиот начин на производство, економските кризи од хиперпродукција (кои ce повторуваа на 7 до 10 години) и предизвикуваа економски и општествени потреси и во овој склоп создавање многубројна работничка класа со спротивни интереси од капиталистичката класа. Ce смета дека сите овие објективни фактори нужно водат кон преобразба на капиталистичката во комунистичка општествено-економска формација.
 
Според класиците на марксизмот, од капитализмот во комунизам не може да ce премине директно. Бидејќи не постојат соодветни материјални услови, со преземањето на власта не може веднаш да ce воспостави бескласно општество, туку е потребен извесен период за трансформација на класното во бескласно општество. Затоа комунистичката општествено-економска формација ce состои од две фази: прва, или нижа (која во секој поглед, во економски, класен, морален, духовен, носи траги од капиталистичкото општество, од чија утроба излегува) и втора, или виша. Првата, или нижата, ce наречува социјализам, a втората, или вишата, го претставува вистинскиот комунизам, односно наполно бескласно општество.
 
Во преодниот период ce создаваат материјалните, субјективните и сите други претпоставки за бескласно општество, за кое Маркс вели: „Во вишата фаза на комунистичкото општество, кога ќе исчезне ропската потчинетост на индивидуите на поделбата на трудот, a co тоа и спротивноста меѓу интелектуалниот и физичкиот труд, кога трудот ќе стане не само средство за живот туку и прва животна потреба, кога со сестраниот развој на индивидуите ќе нараснат производните сили и кога сите извори на општественото богатство ќе потечат пообилно - дури тогаш ќе биде можно сосема да ce пречекори тесниот буржоаски правен хоризонт и општеството ќе може на своето знаме да напише: секој според своите способности, секому според неговите потреби”.
 
=== Научен социјализам ===
Според марксизмот, со изразот „научен” ce нагласува спротивноста со утопискиот социјализам , што тргнува од етички и хуманитарни побуди за остварување на желбата за создавање ново, социјалистичко општество за која цел ce убедуваа за помош и капиталистите, a не од закономерниот развој на општеството. Основачи на овој правец во општествената мисла ce Карл Маркс и Фридрих Енгелс . Тргнувајќи од општата законитост дека економскиот развој на општеството е основа на историскиот развој и со оглед на законитостите врз кои ce засновува капиталистичкото општество, тие дојдоа до сознание дека социјализмот нужно настанува од утробата на капитализмот како резултат на општествено – економскиот развој. Самиот капитализам, со своите иманентни закони (акумулација , концентрација и централизација на капиталот, што претставуваат процес на поопштествување на капиталот и производството), врши материјална подготовка на социјализмот. Напоредно со тој материјален процес, капиталистичкиот развој создава многуброен субјективен фактор – работничката класа, врз чија експлоатација ce засновува капиталистичкиот начин на производство и капиталистичкото општество воопшто. На општествениот карактер на производството му одговара општествена сопственост и општествено управување и присвојување на резултатите од општествениот труд. Самиот економски развој бара капиталистичкиот начин на производство да ce замени со социјалистички. Појавно, тоа ce решава со организирана политичка револуционерна акција на работничката класа, со соборување на буржоаската и воспоставување социјалистичка власт, со укинување на приватната капиталистичка и со воспоставување општествена сопственост на средствата за производство. Преку тој процес ce создаваат услови за преобразба на класното во бескласно општество.
 
=== Критики за анархизмот ===