Автоимуна болест: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
с (→‎Развивање на терапии: Јазично подобрување, replaced: протеини → белковини)
Нема опис на уредувањето
 
| MeshID = D001327
}}
'''Автоимуна болест''' е [[болест]] коjа настанува заради несоодветен [[имун одговор]] на телото против супстанци и ткива кои се нормално присутни во него. Со други зборови, имуниот систем погрешно толкува одреден дел од телото како туѓ и го напаѓа (што се нарекува [[автоимуност]]). Ова може да биде ограничено само на одредени [[орган]]и, (како на пример, во [[автоимун тироидитис]]), или да опфати повеќе различни органи (на пример, [[системски лупус еритематодес]]). Лекувањето на автоимуните болести е обично со [[имуносупресија|имуносупресивна терапија]] која го намалува имуниот одговор.
 
==Критериуми==
И кај автоимуните, и кај воспалителните болести, состојбата потекнува од несоодветни реакции на човечкиот вроден или стекнат имун систем. Кај автоимунитетот, имуниот систем на пациентот е активиран против белковините на сопственото тело. Кај воспалителните болести станува збор за прекумерна реакција на имуниот систем и неговите сигнални патишта (TNF, IFN, итн.), што предизвикува проблеми. Намалувањето на воспалението преку активирање на против-воспалителни гени и потиснување на воспалителни гени кај имуните клетки е ветувачки начин на новите терапии.<ref>Mukundan L, Odegaard JI, Morel CR, Heredia JE, Mwangi JW, Ricardo-Gonzalez RR, Goh YP, Eagle AR, Dunn SE, Awakuni JU, Nguyen KD, Steinman L, Michie SA, Chawla A. (2009)PPAR-delta senses and orchestrates clearance of apoptotic cells to promote tolerance. Nat Med. 2009 Nov;15(11):1266-72.</ref><ref>Roszer T, Menéndez-Gutiérrez MP, Lefterova MI, Alameda D, Núñez V, Lazar MA, Fischer T, Ricote M.(2011) Autoimmune kidney disease and impaired engulfment of apoptotic cells in mice with macrophage peroxisome proliferator-activated receptor gamma or retinoid X receptor alpha deficiency.J Immunol. 2011 Jan 1;186(1):621-31.</ref><ref>Singh RP, Waldron RT, Hahn BH. (2011) Genes, tolerance and systemic autoimmunity. Autoimmun Rev. 2011 Nov 30.</ref>
 
Значително малцинство од населението пати од овие болести, кои честопати се хронични, онеспособувачки и животозагрозувачки. Има повеќе од 80 болести причинети од автоимуност.<ref>[http://www.nlm.nih.gov/medlineplus/ency/article/000816.htm National Institutes of Health, ''Autoimmune disorders'']</ref> Се проценува дека автоимуните болести се меѓу десетте најчести причини за смрт кај жените од сите возрасни групи до 65 години.<ref>Noel R. Rose, Ian R. MacKay. ''The Autoimmune Diseases'', четврто издание</ref>
 
== Наводи ==
6.514

уредувања