Мито Хаџивасилев - Јасмин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с поврзување
Ред 24:
'''[[Мито Хаџивасилев - Јасмин]]''' ([[21 декември]] [[1922]] – [[1 август]] [[1968]]) — [[Македонија|македонски]] [[комунист]] и [[политичар]] и [[новинар]], наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика.
 
Завршува гимназија во [[Битола]]. Уште во училишните клупи почнува да соработува со напредното младинско движење. Студирал на [[Правен факултет на Универзитетот во Белград|Правниот факултет во Белград]]. Во [[1940]] година е примен во членство во КПЈ и бил член на МК на [[КПЈ]], секретар на [[СКОЈ]] во [[Кавадарци]], член на Вториот областен комитет на [[КПМ]], заменик политички комесар на [[Трета оперативна зона на НОВ на Македонија|Третата оперативна зона]] и на Втората бригада и член на Обласниот комитет на НОО во [[Битола]].
 
По ослободувањето, од крајот на [[1945]] година до [[1 јануари]] [[1948]] година е главен и одговорен уредник на „[[Нова Македонија]]“. Во [[1962]] година повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“. На Основачкото собрание на [[Здружение на новинарите на Македонија|Здружението на новинарите на Македонија]], Хаџивасилев е избран за негов прв претседател.