Паритет на куповна моќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
==Формулирање на ПКМ==
Кога законот заедназа една цена ќе се примени не врз основа на [[Цена (економија)|цената]] на еден производ, туку врз основа на [[индексЦеновен на ценитепоказател|индексите на цените]] на земјите, се добива паритетот на [[куповна моќ|куповните сили]]. Оттука, според оваа теорија, разликата меѓу индексите на цените меѓу две земји се должи на релативната вредност на нивните валути. Оттука, математички, формулата за пресметка на ПКМ е слична со формулата на законот за една цена, само што под поимот цена се зема индексот на цените.
 
Концептот на ПКМ се јавува во две верзии: апсолутна и релативна. Во апсолутната верзија, девизниот курс е еднаков на односот меѓу цените во двете земји (релативните цени) при што се мисли на цените на истите производи (иста потрошувачка кошничка). Од друга страна, релативната верзија вели дека промената на девизниот курс е еднаква на односот меѓу промените на индексите на цените во двете земји (релативните стапки на [[инфлација]]). Оттука, бидејќи производите во двете земји не се еднакви, релативната верзија има поголемо значење во праксата. Истовремено, ако важи апсолутниот ПКМ, во тој случај автоматски важи и релативниот ПКМ. Меѓутоа, апсолутниот ПКМ не е услов за важење на релативниот ПКМ.<ref>J. Ashok Robin, ''International Corporate Finance''. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 123.</ref> <ref>Jeff Madura, ''International Financial Management'' (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 214-215.</ref>
Ред 27:
<br />
<br />
Со други зборови, релативната верзија на ПКМ вели дека очекуваната промена на девизниот курс е еднаква на односот меѓу домашната и странската [[инфлација]]. Притоа, ако домашната инфлација е повисока од странската, тогаш девизниот курс ќе расте, т.е. домашната валута ќе депрецира (еквивалентно: странската валута ќе апрецира). Ако пак странската инфлација е повисока од домашната, тогаш девизниот курс ќе се намали, т.е. домашната валута ќе апрецира (странската валута ќе депрецира).
 
==Ограничувања на ПКМ==
Ред 33:
* висината на [[Данок|даночните]] стапки е различна меѓу земјите, предизвикувајќи отстапување од апсолутниот ПКМ
* транспортните трошоци можат да биде многу високи и да ја попречуваат [[Арбитража (економија)|арбитражата]], а тоа се одразува врз ПКМ
* вкусевитевкусовите и навиките на потрошувачите во одделни земји се различни, поради што цените на истите производи можат да се разликуваат од една до друга земја
* постојат разлики во составот на [[потрошувачка кошница|потрошувачката кошница]] во меѓу одделни земји
* разликите меѓу цените можат да произлегуваат и од различниот квалитет на производите, а тие се мерат тешко.
Ред 44:
 
== Усогласување на ПКМ според БДП ==
Девизниот курс ги одразува трансакциските вредности на [[трговска стока|трговските стоки]] помеѓу земјите, за разлика од нетрговските стоки, т.е. стоките што се за домашна потрошувачка. Со девизи се тргува не само за набавка на трговски стоки и услуги, туку и за други цели, како набавка на [[основно средство|основни средства]] чии цени варираат повеќе од оние на физичките стоки. Исто така, различните [[каматна стапка|каматни стапки]], [[шпекулации]], [[оградување (економија)|оградување]] или интервенции од [[централна банка|централни банки]] можат да повлијаат врз [[девизен пазар на девизи|пазарот на девизи]].
 
Мошне познат и наведуван извор на усогласувања со ПКМ е Пенсилваниската трговска табела (''Penn Trade Table''). Таканаречениот „Пен-ефект“ е израз на оваа системска наклоност во девизниот курс на земјите. На пример, ако вредноста на [[мексикански пезос|мексиканскиот пезос]] се намали за половина во споредба со [[Американски долар|американскиот долар]], со тоа ќе се намали и [[БДП]] на Мексико изразен во долари. Меѓутоа овој девизен курс е меѓународната трговија и пазарите на финансии. Со ова не мора да значи дека Мексико е посиромашно за половина. Ако приходите и цените измерени во пезоси останат исти, можеме и да претпоставиме дека увозните стоки не се од суштинско значење за квалитетот на животот во земјата. Овој проблем при споредбата на приходите во разни земји се избегнува користејќи курс усогласен со ПКМ. Девизниот курс според ПКМ е особено корисен кога владите го манипулираат официјалниот курс со цел да држат вештачки силна валута. За разлика од ова, курсот на црно е вештачки слаб. Во вакви случаи, курсот според ПКП е најверодостојна основа за економска споредба.