Робинзон Крусо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка, дополнување
Ред 28:
Очекувајки во секој момент да биде распарчен од некој крволочен ѕвер, а не мајќи никаква можност да го напушти островот, Робинзон Крусо останува во оваа дивина, подготвувајќи да се одбрани од секаков непријател. Од оштетениот брод, успева да ги земе залихите на храна, облеката, оружјето, барутот, алатките и се она што може да го искористи за создавање на свој дом. Охрабрен почнува да го создава необичното живеалиште, да го осигури од секаква опасност и полека почнува да го открива таинствениот остров. Преку ловот обезбедува месна храна, од некулкуте семки јачмен и ориз (кои му се истурија на земјата набрзо по пристигнувањето на островот) добива жито, а од фатените диви кози и јариња создава свое мало стадо. Робинзон Крусо се помирува од самотијата,иако ги има своите пријатели-животните и наоѓа некакво свое спокојство, надевајќи дека еден ден, додека сѐ уште е жив, ќе биде откриен и спасен. Појавувањето на дивите луѓе од други земји, човекојадците кои доловуваат на брегот на пустиот остров да ги изедат своите жртви, кај Робинзон создава страв и гнасење. Но, потоа со спасувањето на жртвата на човекојадците, што Робинзон го нарече Петко, се раѓа нова надеж за спасување од пустелијата. Робинзон почнува да го учи Петко да комуницира и да се однесува пристојно. Петко е единствениот голем и верен пријател на Робинзон Крусо по бродоломот. Некои морнари се побуниле против капетанот на еден англиски брод и ги довеле на островот. Робинзон, заедно со Петко, повторно го покажува својот воинствен талент и го ослободува капетанот, неговиот помошник и уште еден патник. Потоа сите заедно ги заробуваат побунетите морнари и го освојуваат бродот со кој тргнуваат на пат кон Англија. Робинзон Крусо, по цели 28 години заробен на тој проколнат остров, конечно се враќа дома во цивилизацијата. Под негова команда, што ја почитуваат покаените бунтовни морнари, бродот се оддалечува од пустиот остров и конечно испловува кон [[Англија]].
 
=== Извадок од романот „Робинзон Крусо“-Даниел Дефо ===
[[Податотека:SFEC HULL CRUSOE1.JPG|thumb|left| Споменик на Робинзон Крусо]]
„Наскоро откако се доселив на островот, оденаш ми текна дека ќе ми се измеша времето и дури и ќе престанам да ги разлкувам неделите од далечните дни, ако не направам календар. Календарот го направив вака: Со секира изделкав голема греда и ја забив во песокот на брегот. На истото она место каде што ме исфрли бурата, а врз оној столб заковав накрсно една штица на која со јадри букви ги изрежав селдните зборови „Овде првпат стапив на 30 септември 1659 година“ Оттогаш секој ден на столбот делкав по една реска во вид на куса цртичка. По секој шест цртички правев една подолга - тоа означуваше недела, а реската што го означуваше првиот ден од секој месец, ја правев уште подолга. На тој начин го водев мојот календар, одбележувајќи ги дните, неделите, месеците и годините.“