Старков Заб: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 17:
 
==Местоположба и одлики==
Старков Заб е планински врв висок 2.223 метри на главниот срт на протегање и на главното било на планината [[Ниџе]], на самата македонско-грчка државна граница<ref name="Планински врвови">{{Наведена книга|title=Планински врвови во Македонија|last=Шаревски|first=Марио|publisher=Единствена Македонија|year=2021|isbn=978-608-66336-2-2|location=Скопје|pages=119-120}}</ref>. Се наоѓа на 2,8 км западно од највисокиот врв [[Кајмакчалан]], високо над долината на реката [[Коњарка]] во [[Мариово]], југоисточно од [[Битола]]<ref name="Планински врвови" />. Наоѓајќи се на самата линија на познатиот [[Солунски фронт|Солунски (Македонски) фронт]], врвот Старков Заб бил сцена односно место на големо боиште на Солунскиот фронт во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], со голема артилериска битка во [[1916]] година<ref name="Планински врвови" />. Од врвот се отвора прекрасна глетка кон Кајмакчалан на исток, шумовитата падина и долина во Мариово кон север, пространaта рамина на [[Сариѓол (област)|Сариѓол]] со [[Островско Езеро|Островското]] и [[Петерско Езеро|Петерското Езеро]] на југ и [[Пелагонија]] кон запад<ref name="Планински врвови" />. Особена природна забележителност е огромното пространство на природна зимзелена иглолисна шума на македонската падина на Ниџе, со што воедно таа е единствена македонска планина каде што мнозинството од шумската растителност е од зимзелените иглолисни дрјва - црн и бел бор меѓу кои и моликата и ела (60%). Главниот срт на Ниџе кој се спушта кон запад со истоимениот врв и превој Старков Гроб, а продолжува да се издигнува кон Кајмакчалан на исток бил дел и од делницата на трасата на Јужната македонска трансверзала (ЈМТ)<ref name="Планински врвови" />.
 
==Искачување==