Расенгул (планински врв): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 21:
 
==Искачување==
*Tрансверзална тура: Торбешки Мост - Божино - Радика Планина - врв РАСЕНГУЛ - Венец - Будимов Гроб - Менгова Кула - Рамен Камен - с.Д.Јеловце
*Должина: 30 км
*Опис на патеката: Започнува со движење малку после бачилото на 300 метри од месноста Торбешки Мост на земјениот пат од Стрезимир (Кораб) кој оди за Рестелица во Косово од каде над долот на Црн Камен скршнуваме и се искачува кон север и североисток обиколувајќи го целиот тревнат гребен Божино од каде стигнува на преслапот Ќафа е Кадис (1860 м.). По тревната падина и колските траги се искачува во североисточен правец по Радика Планина веднаш на Горно и Долно Луково Поле, каде ја пресекуваме патеката на Западната Македонска Трансверзала (ЗМТ) и се искачува на нејзиниот највисок карпест врв (2404 м.н.в.) по што по тревнатиот срт слегува во јужен правец и пак се искачуваме на врвот Расенгул (2382 м.н.в.). По тревнатиот срт минува под врвот Венец (2262 м.н.в.) под кого се наоѓа прекрасно бистро природно (веројатно повремено?!) Венечно езеро, по што по колски траги и убав широк пат по тревнатите падини во источен и југоисточен правец оди уште 10-ина километри низ пределите над Идризова Дупка, Будимов Гроб, Менгова Кула сè до врвот Рамен Камен, од каде навлегува во шумата и спуштајќи се низ шумовитата падина и пресекувајќи го патот на Шарски Води задршува во гостиварското село [[Долно Јеловце]].
*Правец на движење: Торбешки Мост – Божино – Ќафа Кадис – Радика Планина – Расенгул – Венец – Маздрача – Будимов Гроб – Менгова Кула – Рамен Камен – [[Долно Јеловце]]
*Времетраење: 12 часа
*Вкупна висинска разлика: 1663 метри
*Тежина: средно-тешка; воопшто нема тежина од аспект на техничка спремност, се оди се по тревнати падини без многу голема стрмнина и наклон, потребна е физичка спремност за многу долго пешачење.
 
==Наводи==