Велика Британија (остров): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Географска дефиниција: Јазична исправка, replaced: глечери → ледници
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
'''Велика Британија''' или '''Британија''' (англиски: ''Great Britain'', велшки: ''Prydain Fawr'', шкотски галски: ''Breatainn Mhòr'', корнски: ''Breten Veur'') е остров кој се наоѓа на северозапад од континентална [[Европа]]. Тоа е деветтиот најголем остров во светот и најголемиот европски остров, како и најголемиот од [[Британски острови|Британските острови]]. Со население од околу 60 милиони луѓе во средината на 2009 г., тоа е трет најнаселен остров во светот, по [[Јава]] и [[Хоншу]]. Велика Британија е опкружена со над 1000 помали острови и островчиња. На запад се наоѓа островот [[Ирска]]. Политички, [[Велика Британија]], исто така, може да се однесува на самиот островот заедно со голем број од околните острови од кои се состои територијата на [[Англија]], [[Шкотска]] и [[Велс]].
 
Целиот остров е територија на суверената држава на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а поголемиот дел од територијата на Обединетото Кралство е во Велика Британија. Поголемиот дел од [[Англија]], [[Шкотска]] и [[Велс]] е на островот Велика Британија, како и нивните главни градови: [[Лондон]], [[Единбург]] и [[Кардиф]].