Тарот-карти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Andrew012p ја премести страницата Тарот карти на Тарот-карти: правопис
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
Овие карти во [[Европа]] се појавиле во доцниот [[14 век]]. Иако постојат голем број нагаѓања за потеклото на таротот, како најверојатна теорија се зема таа која вели дека првиот ваков шпил се појавил меѓу 1410 и 1430 година во [[Милано]], [[Ферара]], или [[Болоња]], во северна [[Италија]]. Овие нови карти на почеток ги нарекувале ''carte da trionfi'', односно триумфални карти. Првиот запис за постоењето на овие карти е пишана изјава за рекорди во Ферара, во 1442 година.<ref>Place, Robert M. (2005) ''The Tarot: History,Symbolism,and Divination,'', Tarcher/Penguin, New York, ISBN 1-58542-349-1</ref>.
 
Не постојат документирани записи пред [[XVIII век]] за употреба на тарот -картите за предвидување, но сепак постои запис од 1540 година за користење на сличен шпил карти за предвидување. Во 1765 година, [[Џакомо Казанова]] запишал во својот дневник дека неговата пријателка Русинка често користи карти за предвидување.
 
Се чини дека постојат записи кои потврдуваат постоење на шпил карти за играње налик на тарот -картите со потекло од Милано, Италија. Не е можно прецизно да се одреди од кога датираат, но се смета дека се направени некаде околу 1440 година.
 
Најстарите зачувани до денес тарот -карти се три шпила изработени кон средината на [[15 век]] за членовите на семејството [[Висконти]]. Едниот шпил (од само 66 карти) се знае дека е изработен од анонимен сликар за Филипо Марија Висконти, а денес се чува во универзитетската библиотека во Њу Хевн.
 
Долго време тарот -картите биле привилегија само за припадниците на високите класи, и биле изработувани рачно, сè до појавата на печатниците. Масовното производство на тарот -карти станало можно, и од тоа време до денес се зачувани шпилови изработени во [[Франција]], посебно во [[Марсеј]].
 
Првите јавно користени тарот -карти за предвидување потекнуваат од Франција, а изработени се од [[окултизам|окултистот]] познат под псевдонимот „Етеила“, кој работел како гледач на карти кратко пред [[Француската револуција]]. Етеила го осмислил првиот шпил на [[езотерија|езотерични]] тарот -карти, додавајќи [[астрологија|астролошки]] и [[египетска митологија|египетски]] мотиви.
Така, тарот -картите конечно се поврзале со [[мистицизам|мистицизмот]] и [[магија]]та,<ref>Huson, Paul ''Mystical Origins of the Tarot: From Ancient Roots to Modern Usage''. Vermont: Destiny Books, 2004</ref> иако не биле нашироко прифатени од [[мистицизам|мистиците]], [[окултизам|окултистите]] и [[тајни здруженија|тајните здруженија]] сè до 18 и [[XIX век]].
 
== Елифас Леви и тарот -картите ==
Идејата да се додаде на тарот -картите мистичен елемент натаму ја развил [[Елифас Леви]], и после него се раширила во земјите од англиското говорно подрачје. Според некои, токму Елифас Леви, а не Етеила, се смета за вистинскиот основач на повеќето школи за тарот. Елифас Леви јавно ги изнесол тајните на таротот, поврзувајќи ги картите со херметичката [[Кабала]] и со четирите елементи од [[алхемија]]та.
 
Користењето на тарот картите за предвидување станало популарно од 1910 година, откако двајца членови на редот „[[Златна зора (херметички ред)|Златна зора]]“ осмислиле шпил од овие карти. Овие карти дополнително ги замаглиле христијанските алегории на таротот, а исто така направиле неколку измени во називите на картите од големата аркана.
 
Од тогаш, се појавиле огромен број на различни шпилови тарот -карти. Во многу системи се користи следнава асоцијација на четирите елементи: мечевите се воздух, стаповите се оган, чашите се вода и паричките се земја. Користени се асоцијации од: [[нумерологија]] (посебно нумерологијата на [[Питагора]]), [[астрологија]], херметичката [[Кабала]] (секоја карта од големата аркана претставува еден пат од [[дрво на животот|дрвото на животот]]), [[И Чинг]], [[христијанство]], [[Аура-Сома]] и други.
 
== Алистер Кроули и тарот -картите ==
Од езотеричните шпилови на тарот -карти до денес најмногу се користат Тот тарот -картите на [[Алистер Кроули]], кој најголемиот дел од животот го посветил на [[окултизам|окултизмот]]. Овој шпил карти е осмислен од страна на Алистер Кроули, а картите ги сликала лејди Фрида Харис според неговите инструкции. Заедно со книгата со упатства за употреба на картите, овој шпил карти се учат во херметичкиот ред [[Златна зора (херметички ред)|Златна зора]], во [[Ордо Темпли Оријентис|О.Т.О.]], како и во редот [[Телема]]. Илустрациите на картите се уметнички, а воведени се и некои измени, како на пример неколку карти од големата аркана се преименувани, и исфрлени се толкувањата за превртените карти.
 
== Превртени карти ==
Некои од методите за употреба на тарот -картите кои се појавуваат превртени (наопаку) ги толкуваат различно.<ref>Huson, Paul, ''Mystical Origins of the Tarot'', p. 59</ref>. Најчесто превртената карта се смета дека го има спротивното значење од она што истата карта го има кога не е превртена. На пример: картата од големата аркана со број 17, „Ѕвезда“ кога е правилно поставена се толкува како - надеж, верба, прекрасна перспектива, а кога е наопаку свртена означува - разочарување, песимизам, недостаток на можности. Сепак, не користат превртени карти сите методи на употреба на тарот картите ([[Тот]] тарот -картите на [[Алистер Кроули]] не се занимаваат со превртените карти).
 
== Тарот -картите денес ==
Денес постојат бројни видови на различни шпилови тарот -карти. Како на пример: Тот тарот -карти, Цигански тарот, Тарот Аквариус, Анѓелски тарот, Езотеричен тарот, Астрал тарот, Астролошки тарот, Вештерски тарот, Алхемиски тарот, Тарот на луѓето мачки, Митски тарот, итн.
 
== Наводи ==