Шупла Стена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 17:
 
==Местоположба==
[[File:Шупља стена.jpg|thumb|200п150п|left|Шуплината-кружниот процеп во карпите под сртот, според кој врвот го добил името Шупла Стена]]
Се наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и [[Албанија]]. Според местоположбата на врвот Шупла Стена се наоѓа на координатите 41°43'29" северна географска широчина и 20°31'06" источна географска должина<ref name="Маврово">{{Наведена мрежна страница|url=http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Study-Mavrovo-Final-7.pdf|title=Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово|last=Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори|first=|date=2011|work=Министерство за животна средина и просторно планирање|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=8.13.2019}}</ref>. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу врвовите [[Црн Камен (Кораб)|Црн Камен]] (2404 м.) и [[Дерза]] (2403 м.) веднаш непосредно на север и превојот [[Шкртец]] (2020 м.) и малото зарамнето поле Фуша е Лимует на југ. Во неговата најнепосредна близина, на истиот планински гребен определен со превоите Шкртец и Цигански Проход, со Шупла Стена се и зашилените остри врвови [[Црн Камен (Кораб)|Црн Камен]] и [[Дерза]], поради што погледнати од повеќе места од далечина тие три врвови даваат особено убава налик „алпска“ глетка. Шупла Стена се одликува со многу величествена глетка, каде источната падина е многу грамадна и огромна, прошарана со бујна трева и сипар од ситни раздробени камења, додека западната е стрмна пресечена карпа при што сртот на самиот врв е многу тесен, карпест и раздробен односно испресечен со провалии од двете страни. Веднаш под сртот непосредно под врвот, помеѓу две карпести плочи кои го сочинуваат сртот, има поголема кружна дупка, процеп која делува и му дава изглед на врвот и самата стена како да е шуплива, што впрочем и самите карпи на врвот се шупливи, поради што најверојатно врвот го добил името ''Шупла Стена''. На постарите топографски карти врвот е запишуван и како Шуплја/Шупља Стена, најверојатно под влијание на југословенското картографирање на српскохрватски, додека во некои пишани извори врвот е познат и како Шуплив Камен<ref name="Маврово" />. Искачувањето на врвот Шупла Стена е многу тешко бидејќи неговите падини се многу стрмни, при што југоисточната е повеќе тревната, а северната и западната се каменести и земјени каде има опасност од лизгање. Самата највисока точка на врвот е многу тесна, при што на нејзе има место сда застанат највеќе 3 до 4 луѓе. Врвот Шупла Стена може да се искачи по доброразгазената граничарска патека која води и го заобиколува по неговата јужна, источна и северна падина, а најдобрата можност за искачување е по тревнатата југоисточна падина низ малото зарамнето поле Фуша е Лимует, веднаш на неговото југоисточно подножје.