Разлика помеѓу преработките на „Рибарци (Битолско)“

нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Во 1907 година, војводата [[Јон Пашата|Иван Димов-Пашата]] од Логоварди нападнал и уништил неколку села меѓу кои и Рибарци.
 
На 5 јули 1908 година, во Рибарци е извршен колеж од страна на грчките [[андарти]]. Според кажувањата на постарите жители, андартите биле од соседното село [[Суводол (Битолско)|Суводол]]. Андартите ноќта го нападнале селото, го ограбиле населението и потоа започнале со масакрот. Во колежот 25 селани биле жестоко убиени, меѓу кои и четири жени и три деца, а неколку жители биле ранети. Тогашниот младотурски комитет испратил 100 лири во знак на помош на населението кое настрадало од овој напад.<ref name=":1" />
 
За време на [[Балкански војни|Балканските војни]] и [[Прва светска војна|Првата светска војна]] во околината на селото се воделе жестоки борби. Низ него поминувале многу војски, бидејќи се наоѓало на самиот [[Македонски фронт|Солунски фронт]]. Голем дел од населението во овој период го напуштило селото.
 
Во селото имало неколку [[Чифлиг|чифлици]], кои на самиот крај на турската власт биле во посед на Ибраим, Кантарџија, Петракот и други. По заминувањето на отоманската власт, земјата дел била купена, а дел државата им ја доделила на новите доселеници.<ref name=":0" />
 
До истекот на блатото во 1954 година жителите на селото се занимавале со рибарство и плетење на рогузини од шамокот што растел во блатото.<ref name=":1" />
 
== Население ==
Според последниот попис од 2002 година, во селото Рибарци живееле 130 жители, сите [[Македонци]].<ref name="попис" />
 
Во 2008 година по неофицијални податоци во селото живееле 18110 жители, додека во 2019 година селото броело околу 80 жители.<ref name=":1" />
 
{{Пописи|210|160|165|178|223|224|235|161|146|130}}