Вилхелм Тирски: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
основна страна
 
(нема разлика)

Последна преработка од 23:17, 26 ноември 2021

Вилхелм Тирски (XII век) ― историчар, дипломат, канцелар на Ерусалимското Кралство, архиепископ на Тир. [1]

Животопис уреди

Во втората половина на 12-ти век напишал „Историја на крстоносните војни“ во 23 книги. Врз основа на постари извори, официјални документи, писма и лични впечатоци, доста критички и внимателно ги опишал настаните од 1095 до 1184 година. Подробно го опишал минувањето на крстоносците во Првиот крстоносен поход низ Македонија и при тоа дава драгоцени податоци од македонската историја и топонимија. Во 1168 година престојувал во Пелагонија, предводејќи го пратеништвото на ерусалимскиот крал кое есента истата година, во Битола водело преговори за сојуз со византискиот император Мануил Комнин.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 104. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)