Свети Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Правописна исправка, replaced: Македонската Православна Црква → Македонската православна црква
с →‎Осветување: Правописна исправка, replaced: Романска Православна црква → Романска православна црква
Ред 32:
== Осветување ==
Прославата на нивното осветување започна на [[1 август]] [[2012]] година, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритите Нектариј и Партениј, игумен Дамаскин, протоереите Војне Ристески и Игор Никовски, еромонахот Доситеј, протоѓаконите Димко Миланов и Сашо Ристов и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Во текот на Вечерната богослужба се направи и литија, а по завршувањето на вечерната, беше извршен парастос за новите пречистански преподобномаченици. На Парастосот чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Агатангел и Иларион и спомнатите свештенослужители.
Торжествата продолжија утредента, со света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство [[Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан]], во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Наум, Агатангел, Пимен и Иларион, Епископот Климент, архимандритите Нектариј, Партениј и Јосиф, протоереј-ставрофорите Ѓорѓи Лапоски, Ацо Гиревски, Тоди Јован од [[Албанска Православна црква|Албанската православна црква]], Ефтим Бетински и Никола Грамбозов, игуменот Дамаскин, протоерите Темелко Донески и Игор Никовски, еромонасите Доситеј, Макариј и Вартоломеј, свештениците Сашо Ристески, Никола Христоски и Владо Недески, протоѓаконите Димко Миланов, Антонио Дујовски, Сашо Ристов, Горан Кутлешоски и Влатко Стојменов и ѓаконите Дејан Борисов, Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Антоние Попоски. По завршувањето на Малиот вход, Епископот Климент ја прочита Одлуката на САС на [[МПЦ-ОА]] за прогласување на новите светии, а Митрополитот Тимотеј го прочита нивното житие. Веднаш потоа Архиепископот Стефан ја освети новата [[икона]] на пречистанските новомаченици, дело на сестринството од манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, и со неа го благослови многубројниот верен народ, кој беспоштедно и без двоумење дојде да се поклони на новите преоподобномаченици, но и да земе активно учество и да стане дел од преданието. Покрај верниот македонски народ, церемонијата беше збогатена и со присуството на група монахињи и монаси од [[Романска Православнаправославна црква|Романската православна црква]]. По завршувањето на Литургијата беше извршен парастос за сите паднати борци за слободата на македонскиот народ и црква во предилинденскиот и поилинденскиот период. Прославата заврши со свечена литија околу манастирот, а на одреденото место се освети и камен-темелникот за новиот манастирски конак, каде ќе биде изградена и капела посветена на пречистанските преподобномаченици.
Протоерејот Игор Никовски го прочита Илинденското послание, во кое Архиепископот, покрај другото, на верните чеда на Македонската православна црква им порача: „Националната и духовна слобода се меѓусебно поврзани. Секој што прави грев, роб му е на гревот“ (Јован 8,34).