Балада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
 
=== Балади со лични и семејни односи===
Според бројноста и разновидноста на темите, оваа група зазема централно место во македонските балади. Во основа, нивната концепција се заснова врз реална основа — личните и семејните односи, но неретко во нив се застапени и митолошки и религиозни елементи, а во некои примери јасно е дефиниран социјалниот елемент. Понатаму, за оваа група е својствено постоењето на типичен баладен јунак. Честа тема во овие балади е непочитувањето на волјата на родителите при изборот на брачниот другар при што песните редовно завршуваат со трагедија со што се искажува етичката идеја на народниот пејач дека не може да се има среќа во животот без благослов на родителите. Понекогаш, ваквите трагични околности не се објаснети во баладите, со што тие стануваат мистериозни, со многу отворени прашања за читателот. Оттука, чинот на [[Самоубиство|самоубиството]] во народните балади се прифаќа како логичен тек на нештата, како единствениот можен епилог. Честа тема во оваа група балади е мажењето далеку од родителскиот дом, што може да направи пустош во психичкиот живот на невестата при што повторно надминувањето на овој конфликт завршува трагично. Понатаму, во оваа група спаѓаат баладите посветени на немањето пород како специфична трагедија на семејството. Најчесто, како причина на неплодноста се појавува мајчината клетва која е дефинитивна и народниот пејач не остава простор за нејзино неутрализирање. Во други песни, кога братот не ѝ дозволува на сестра си да се омажи за саканиот, конфликтот завршува со убиството на братот; слично на тоа, кога едната сестра се вљубува во сопругот на својата сестра, повторно разрешувањето се бара во убиството; на тој начин, во сплетот на сложените и длеикатни семејни односи, силните емоции најчесто излегуваат од контролата, сè се одвива стихијно и драматично, па смртта на еден од учесниците во љубовниот триаголник е неизбежна. Во рамките на оваа група балади најразвиено сиже имаат песните за односите меѓу свекрвата, снаата и синот. Во нив, конфликтната состојба е психолошки мотивирана од исконската нетрпеливост меѓу свекрвата и снаата, а која произлегува од доминантната положба на свекрвата во домот; од таа причина, конфликтот секогаш завршува со смртта на сопружниците, а виновничката (свекрвата) никогаш не е непосредно казнета; на тој начин, етичкиот став на пејачот е јасен — мајката продолжува да живее не само со својата вина, туку и без сопственото чедо. Во некои балади се оси чекор понатаму и свекрвата се јавува како непосреден и суров убиец на снаата. Слични на овие песни се оние кои се посветени на нетрпеливоста меѓу јатрвите и золвата при што во некои примери омразата кон золвата е толку голема, што дури јатрвата е подготвена да си го жртвува своето дете со цел да ја обвини золвата. Баладите од овој тип се извонредно динамични и напрегнати и наликуваат на [[Трагедија|трагедија]], но тие секогаш завршуваат така што злото на крајот се казнува. Најпосле, според импресивноста и драмските заплети не заостануваат ни баладите посветени на [[Инцест|инцестот]]. Во македонските балади, овој мотив е развиен во две насоки — ненамерен и свесен инцест, кој може да биде извршен или е само инцест во обид. Овие песни се бројни во македонското народно творештво, а колку е сродството поблиско (татко-ќерка, брат-сестра), казната е поостра, додека кога се разботи за љубовните односи меѓу блиски братучеди, песните се исполнети со лиричност и завршуваат со шематизираната формула „убава мома род нема“.<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 133-137.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Балада