Балада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
 
===Балади со историска содржина===
Оваа група вклучува широк репертоар на содржини кои, независно од нивната субјективна перцепција, транспонираат долг период од македонската историја. Овие песни се органски поврзани со историските епски и лирски песни, бидејќи во нив тематски се засегнати личните судбини, семејните трагедии итн., кои се темелат врз некоја конкретна историска состојба. Со многу драмски елементи во овие балади се прикажани и лични и општи преживувања низ соодветна композициска постапка: во нив објективниот настан е предаден преку субјективна проценка како лична или семејна драма. Имајќи предвид дека секоја ваква песна се појавила како реакција на некој конкретен настан, се претпоставува дека овие балади настанале кон крајот на [[14 век]]. Притоа, историските елементи во нив се само појдовна основа која го подготвува идејниот став, а секундарниот раскажувачки план го открива тој став преку разновидни конфлитни сосотјби. Основната карактеристика на баладите од оваа група е [[Морал|моралниот]] став на јунакот, а не некој реален јуначки подвиг како во [[Епска народна поезија|епските народни песни]]. Како најстари балади во оваа група се сметаат оние во кои се разработува темата на сопругот на свадбата на својата сопруга - мотив кој е познат кај сите балкански, а и во другите европски народи. Со доаѓањето на [[Османлии|Османлиите]] на [[Балкан]]от, се појавиле балади во кои се пее за репресалиите врз народот, особено за одземањето на честа на девојките, потурчувањето итн., а подоцна се појавиле и баладите во кои се пее за [[Ајдутство|ајдуците]], вклучувајќи ги и ајдуците-арамии. Што се однесува до песните посветени на [[Илинденско востание|Илинденскиот]] период, ретко се јавуваат балади со таква тематика, т.е. повеќето се лирски, елегични песни. Најпосле, се среќаваат и балади од периодот на [[Македонија во Втората светска војна|НОБ]], а тие концепциски се надоврзуваат на претходните, така што дефинирањето на нивното место во македонското народно творештво е дискутабилно.<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 129-127.</ref>
 
=== Балади со лични и семејни односи===
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Балада