Балада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 12:
Овие балади тематски одговараат на старите преданија и се доближуваат до сферите на [[Култ|култот]] и [[Магија|магијата]]. Тие настанале кога вниманието на народниот творец се пренело од натприродните сили кон човекот и неговите односи со натприродните појави. Со текот на времето, овие елементи се менувале и добивале нови поетско-[[Метафора|метафорични]] димензии, така што од старите [[Мит|митови]] останале само далечни и нејасни асоцијации. Сепак, иако поетската постапка во градењето на сижето инсистира на реални претстави кои вршат ретроактивно дејство врз митолошките претстави, не може да се негира фактот дека овие балади потекнуваат од старите времиња. Многу македонски балади пеат за сонцето кое често има човечки својства, на пример, тоа се жени со обична девојка од селото. Исто така, во голем број балади се пее за [[Самовила|самовилите]], кои често се индивидуализирани и имаат лични имиња. Притоа, тие можат да бидат добри или злобни, но во песните останува нејасна причината за ваквото нивно однесување. Честопати во ваквите балади доаѓа до идејна контаминација, т.е. мешање на христијански и митолошки елементи. Во баладите од оваа категорија се присутни и [[Змеј|змејовите]], кои се олицетворение на стихијните природни појави, но и во овој случај народниот пејач ги поврзува реалното и волшебното, така што змејовите често стапуваат во најразлични односи со луѓето. Меѓу постарите примери на митолошки балади се и оние со [[Анимизам|анимистички]] претстави. Во нив доминира мотивот на чумата, најчесто претставена како стара жена, со што вишата сила е материјализирана. Во македонското народно творештво има многу примери на вакви песни, што веројатно е одраз на бројните [[Епидемија|епидемии]] кои владееле во минатото. Трагичниот елемент во овие балади е засилен со фактот дека најчести жртви на чумата се младите луѓе, така што етичката идеја во песните е дека [[Чума (болест)|чумата]] е олицетворение на злото, воопшто. Во некои вакви песни, драмските елементи се засилени со елементот на [[Метаморфоза|метаморфоза]], кога жртвите на чумата по смртта се претвораат во [[Растенија|растенија]]. Народните балади со мотиво тна претскажувањето на судбината на третиот ден по раѓањето се темелат врз едно од најстарите верувања кое е присутно кај многу народи и се јавува во различни форми. Притоа, во песните, времето од претскажувањето до остварувањето е стеснето, иако во суштина минуваат години. Овде спаѓаат и песните во кои претскажувањето се јавува на [[Сон|сон]]. Верувањето во магичната моќ на зборот, пак, нашла одраз во баладите во кои како основен мотив е клетвата. Често, клетвата е недоволно мотивирана, но таа постигнува голем ефект, најчесто со трагични последици, а тоа особено се однесува на мајчината клетва. Понатаму, во оваа група балади спаѓаат и оние во кои невообичаената убавина се јавува како причина за трагедија, не само за оној што ја поседува, туку и за оние кои доаѓаат во допир со неа. На тој начин, големата [[Убавина|убавина]] е возвишена до идеал кој не може да се освои и да се поседува, па затоа е предодредена да не опстои. народните балади со елементи на метаморфозата почиваат врз древното верување дека физичката [[Смрт|смрт]] не значи и крај на постоењето на човекот. Со тоа, етичката идеја во овие песни е триумфот на љубовта која е способна да го победи злото. Исто така, како мотив во народните балади се јавува и потребата од жртва кога се гради некој објект. Притоа, во баладите се зачувал мотивот на човечката жртва при што жртвата најчесто нема никаква вина, па дури и не ја претчувствува својата судбина. Сепак, народниот пејач често ја остава можноста жртвата делумно да комуницира со светот, што се надоврзува на христијанското учење за бесмртноста на [[Душа|душата]].<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 121-127.</ref>
 
===Балади со [[Легенда|легендарна]] содржина===
Во баладите со [[Легенда|легендарна]] содржина е присутно мешањето на старите [[Словенска митологија|словенски митолошки]] слоеви со [[Христијанство|христијанската]] религија, така што често се поставува прашањето кој од тие два елемента е примарен а кој секундарен, иако сепак во нив доминира христијанскиот поглед на светот. Оттука, овие песни обично завршуваат во духот на христијанската [[Етика|етика]]. Како последица на христијанската идејна концепција, тонот во баладите со легендарна содржина е поспокоен, иако дејствието постојано е на работ на максимална драмска напрегнатост. При конструкцијата на христијанските ликови, народниот пејач е скржав, избегнувајќи секако впотег што би им дал „внатрешна“ димензија. Инаку, во оваа група балади се вбројуваат и оние песни во кои се пее за [[Задгробен живот|задгробниот живот]], за пораките што ги испраќаат мртвите и, воопшто, за комуницирањето со „другиот“ свет. Најилустративен пример е култот кон мртвите, како во баладите за мртвиот брат кој станува од гробот, кои се неверојатно распространети низ Македонија. Баладиет од овој тип се импресивни со својата драматичност, особено што сижето најчесто е конципирано во комбинација на клетва и метаморфоза.<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 128-129.</ref>
 
===Балади со историска содржина===
=== Балади со лични и семејни односи===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Балада