Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Прирачник за стилот“

(+)
(ново напатствие)
 
((+))
{{напатствие|ВП:ПЗС|ВП:СТИЛ}}
 
'''Прирачникот за стил''' овозможува основни информации за тоа ''како'' да се уредува содржината на статиите.
 
== Конвенции за именување ==
Општо, именувањето на статиите треба да го преферира она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале, а истовремено создавањето на врски до таквите статии треба да биде лесно.
 
Во продолжение дадените '''конвенции за именување''' претставуваат водилки за создавањето и именувањето на страници. Ова се ''конвенции'', а не стриктни закони изгравирани во камен. Како што Википедија расте и се менува, некои конвенции кои порано имале смисла, сега се несоодветни. Секогаш кога ќе се сомневате, следете ја конвенцијата.
 
=== Општи конвенции ===
==== Останатите зборови со мала буква ====
Не ги ставајте вторите и последователните зборови во еден наслов со голема буква, освен ако станува збор за лична именка. На пример, правилно е ако станува збор за име и презиме на лице, како '''[[Џон Вејн]]'''. Правилно е '''Видео игра''', а не '''Видео Игри''' или пак, правилно е '''Рубикова коцка''', а неправилно е '''Рубикова Коцка'''.
 
*
 
=== Специфични конвенции ===
==== Именување на филмски статии ====
{{главна|Википедија:ВикиПроект Филм/Водичи за стилот#Именување на статии}}
 
== Воведниот дел на статијата ==
'''Воведната секција''' или '''воведот''' на една статија претставува најпочетниот текст, с{{Уникод|ѐ}} до првото подглавие. Воведот служи како запознавање со статијата подолу и како краток, независен заклучок на најважните аспекти на темата на статијата.
 
Содржината на статијата, ако е прикажана, се појавува по воведната секција и пред првото подглавие.
 
=== Форматирање на воведот ===
==== Болдиран почеток ====
Статиите обично почнуваат со името на статијата напишано со '''задебелени букви''', а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за [[Алберт Ајнштајн]] започнува вака:
::'''Алберт Ајнштајн '''(Улм, 14 март 1879 – Принстон, 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век...
Друга Википедија конвенција е да се ''закосат'' имињата ако се однесуваат на наслов на книга, филм, албум или компјутерска/видео игра. Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на книга или филм, се користи '''''задебелен и закосен текст'''''. На пример, статијата за [[2001: Вселенска Одисеја (филм)]] започнува вака:
::'''''2001: Вселенска Одисеја''''' (анг. ''{{lang-en|2001: A Space Odyssey''}}) е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото.
Најчесто се препорачува имињата на трудови (на пример, научна статија), подглавија (на пр. во книга), песни или телевизиски епизоди да бидат споменати во „наводници“ наместо да видат ''закосени''. Притоа, внимавајте да ги корисите македонските наводници („“), кои се разликуваат од англиските (""). Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на едно од горенаведените работи, се користи „'''задебелен текст во наводници'''“. На пример:
::„'''Кој кого набљудува?'''“ е името на последната епизода од првата сезона на американската телевизиска серија ''Вовед во анатомија''.
 
==== Секции и содржина ====
Иако воведниот дел се смета за секција, нема подглавие на секција, подглавието „Вовед“ или „Почетен дел“ или било што во тој контекст не треба да се додава на почетокот на статијата. Кога е прикажана, опционалната табела со содржината се појавува меѓу воведната секција и меѓу подглавието на првата секција од статијата.