Балада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
ситна поправка
Ред 1:
'''Баладата''' е [[Лирско-епски видови|лирско-епска]] песна главно, со фантастична содржина што пренесува во необична, поинаква реалност и предизвикува баладично расположение. Крајот на баладите најчесто е трагичен. Темите во баладите се црпат од народните [[легенди]], [[преданија]] и суеверија.<ref>T. A. Green, ''Folklore: An Encyclopedia of Beliefs, Customs, Tales, Music, and Art'' (ABC-CLIO, 1997), p. 353.</ref> Дејството во баладата е напнато и со драмски пресврти. Интонацијата во овие песни е тажна, проткаена со внатрешно нерасположение и има трагичен крај. Поради трагичните настани за кои се пее во овој вид песни, тие предизвикуваат длабоки [[Чувство|чувства]] кај луѓето. Баладите можат да бидат народни и уметнички. Баладите почнуваат со епски елементи, но поважен е нивниот лирски впечаток. Меѓу уметничките и народните балади се воочуваат некои разлики, но главните осбености им се слични: трагичен крај, динамично дејство, тешка и мрачна атмосфера. Зборот „балада“ доаѓа од зборот „balere“ што значи играм, танцувам. Баладата потекнува од [[Народна книжевност|народната книжевност]], а во времето кога настанала, таа претставувала песна за игра. Нејзината содржина до [[15 век|XV век]] била лирска. Се мисли дека баладата се појавила на југот во [[Франција]] и дека првобитно била весела песна.
 
===Македонски народни балади===
Во македонското народно творештво, поимот „[[Балада|балада]]“ се користи за да се означат песните кои ги пеат мажите и жените, кои се ороводни, кои според градбата наликуваат на епските песни, но се лирски обоени и најчесто со трагична разврска. Атмосферата во нив е таинствена, дејствието се случува претежно во многу кратко време, а јунаците не управуваат со својата судбина и нивните животи најчесто завршуваат трагично. Баладите, кои се многу застапени во македонската народна поезија, се групираат во четири основни групи:<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 119-120.</ref>
* балади со митолошка содржина
* Балади со [[Митологија|митолошка]] содржина: Овие балади тематски одговараат на старите преданија и се доближуваат до сферите на [[Култ|култот]] и [[Магија|магијата]]. Тие настанале кога вниманието на народниот творец се пренело од натприродните сили кон човекот и неговите односи со натприродните појави. Со текот на времето, овие елементи се менувале и добивале нови поетско-[[Метафора|метафорични]] димензии, така што од старите [[Мит|митови]] останале само далечни и нејасни асоцијации. Сепак, иако поетската постапка во градењето на сижето инсистира на реални претстави кои вршат ретроактивно дејство врз митолошките претстави, не може да се негира фактот дека овие балади потекнуваат од старите времиња. Многу македонски балади пеат за сонцето кое често има човечки својства, на пример, тоа се жени со обична девојка од селото. Исто така, во голем број балади се пее за [[Самовила|самовилите]], кои често се индивидуализирани и имаат лични имиња. Притоа, тие можат да бидат добри или злобни, но во песните останува нејасна причината за ваквото нивно однесување. Честопати во ваквите балади доаѓа до идејна контаминација, т.е. мешање на христијански и митолошки елементи. Во баладите од оваа категорија се присутни и [[Змеј|змејовите]], кои се олицетворение на стихијните природни појави, но и во овој случај народниот пејач ги поврзува реалното и волшебното, така што змејовите често стапуваат во најразлични односи со луѓето. Меѓу постарите примери на митолошки балади се и оние со [[Анимизам|анимистички]] претстави. Во нив доминира мотивот на чумата, најчесто претставена како стара жена, со што вишата сила е материјализирана. Во македонското народно творештво има многу примери на вакви песни, што веројатно е одраз на бројните [[Епидемија|епидемии]] кои владееле во минатото. Трагичниот елемент во овие балади е засилен со фактот дека најчести жртви на чумата се младите луѓе, така што етичката идеја во песните е дека [[Чума (болест)|чумата]] е олицетворение на злото, воопшто. Во некои вакви песни, драмските елементи се засилени со елементот на [[Метаморфоза|метаморфоза]], кога жртвите на чумата по смртта се претвораат во [[Растенија|растенија]]. Народните балади со мотиво тна претскажувањето на судбината на третиот ден по раѓањето се темелат врз едно од најстарите верувања кое е присутно кај многу народи и се јавува во различни форми. Притоа, во песните, времето од претскажувањето до остварувањето е стеснето, иако во суштина минуваат години. Овде спаѓаат и песните во кои претскажувањето се јавува на [[Сон|сон]]. Верувањето во магичната моќ на зборот, пак, нашла одраз во баладите во кои како основен мотив е клетвата. Често, клетвата е недоволно мотивирана, но таа постигнува голем ефект, најчесто со трагични последици, а тоа особено се однесува на мајчината клетва. Понатаму, во оваа група балади спаѓаат и оние во кои невообичаената убавина се јавува како причина за трагедија, не само за оној што ја поседува, туку и за оние кои доаѓаат во допир со неа. На тој начин, големата [[Убавина|убавина]] е возвишена до идеал кој не може да се освои и да се поседува, па затоа е предодредена да не опстои. народните балади со елементи на метаморфозата почиваат врз древното верување дека физичката [[Смрт|смрт]] не значи и крај на постоењето на човекот. Со тоа, етичката идеја во овие песни е триумфот на љубовта која е способна да го победи злото. Исто така, како мотив во народните балади се јавува и потребата од жртва кога се гради некој објект. Притоа, во баладите се зачувал мотивот на човечката жртва при што жртвата најчесто нема никаква вина, па дури и не ја претчувствува својата судбина. Сепак, народниот пејач често ја остава можноста жртвата делумно да комуницира со светот, што се надоврзува на христијанското учење за бесмртноста на [[Душа|душата]].<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 121-127.</ref>
* Баладибалади со [[Легенда|легендарна]] содржина
* Баладибалади со историска содржина
* Баладибалади со лични и семејни односи
Во македонското народно творештво најбројна е четвртата група, но во голем број балади се забележува мешање на различни елементи: митолошки со [[Христијанство|христијански]] или историски така што не е можно секојпат да се разграничи за која група станува збор.<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 120-121.</ref>
 
===Балади со [[Митологија|митолошка]] содржина===
* Балади со [[Митологија|митолошка]] содржина: Овие балади тематски одговараат на старите преданија и се доближуваат до сферите на [[Култ|култот]] и [[Магија|магијата]]. Тие настанале кога вниманието на народниот творец се пренело од натприродните сили кон човекот и неговите односи со натприродните појави. Со текот на времето, овие елементи се менувале и добивале нови поетско-[[Метафора|метафорични]] димензии, така што од старите [[Мит|митови]] останале само далечни и нејасни асоцијации. Сепак, иако поетската постапка во градењето на сижето инсистира на реални претстави кои вршат ретроактивно дејство врз митолошките претстави, не може да се негира фактот дека овие балади потекнуваат од старите времиња. Многу македонски балади пеат за сонцето кое често има човечки својства, на пример, тоа се жени со обична девојка од селото. Исто така, во голем број балади се пее за [[Самовила|самовилите]], кои често се индивидуализирани и имаат лични имиња. Притоа, тие можат да бидат добри или злобни, но во песните останува нејасна причината за ваквото нивно однесување. Честопати во ваквите балади доаѓа до идејна контаминација, т.е. мешање на христијански и митолошки елементи. Во баладите од оваа категорија се присутни и [[Змеј|змејовите]], кои се олицетворение на стихијните природни појави, но и во овој случај народниот пејач ги поврзува реалното и волшебното, така што змејовите често стапуваат во најразлични односи со луѓето. Меѓу постарите примери на митолошки балади се и оние со [[Анимизам|анимистички]] претстави. Во нив доминира мотивот на чумата, најчесто претставена како стара жена, со што вишата сила е материјализирана. Во македонското народно творештво има многу примери на вакви песни, што веројатно е одраз на бројните [[Епидемија|епидемии]] кои владееле во минатото. Трагичниот елемент во овие балади е засилен со фактот дека најчести жртви на чумата се младите луѓе, така што етичката идеја во песните е дека [[Чума (болест)|чумата]] е олицетворение на злото, воопшто. Во некои вакви песни, драмските елементи се засилени со елементот на [[Метаморфоза|метаморфоза]], кога жртвите на чумата по смртта се претвораат во [[Растенија|растенија]]. Народните балади со мотиво тна претскажувањето на судбината на третиот ден по раѓањето се темелат врз едно од најстарите верувања кое е присутно кај многу народи и се јавува во различни форми. Притоа, во песните, времето од претскажувањето до остварувањето е стеснето, иако во суштина минуваат години. Овде спаѓаат и песните во кои претскажувањето се јавува на [[Сон|сон]]. Верувањето во магичната моќ на зборот, пак, нашла одраз во баладите во кои како основен мотив е клетвата. Често, клетвата е недоволно мотивирана, но таа постигнува голем ефект, најчесто со трагични последици, а тоа особено се однесува на мајчината клетва. Понатаму, во оваа група балади спаѓаат и оние во кои невообичаената убавина се јавува како причина за трагедија, не само за оној што ја поседува, туку и за оние кои доаѓаат во допир со неа. На тој начин, големата [[Убавина|убавина]] е возвишена до идеал кој не може да се освои и да се поседува, па затоа е предодредена да не опстои. народните балади со елементи на метаморфозата почиваат врз древното верување дека физичката [[Смрт|смрт]] не значи и крај на постоењето на човекот. Со тоа, етичката идеја во овие песни е триумфот на љубовта која е способна да го победи злото. Исто така, како мотив во народните балади се јавува и потребата од жртва кога се гради некој објект. Притоа, во баладите се зачувал мотивот на човечката жртва при што жртвата најчесто нема никаква вина, па дури и не ја претчувствува својата судбина. Сепак, народниот пејач често ја остава можноста жртвата делумно да комуницира со светот, што се надоврзува на христијанското учење за бесмртноста на [[Душа|душата]].<ref>Фанија Попова, „За македонската народна балада“, во: ''Македонски народни балади'', Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 121-127.</ref>
 
===Балади со [[Легенда|легендарна]] содржина===
===Балади со историска содржина===
=== Балади со лични и семејни односи===
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Балада