Свет Дух: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување на божествената природа на Светиот Дух: особини кои се карактеристични само за Бог. И дополнување на карактеристиките кои покажуваат дека Светиот Дух е личност како Отецот и Синот.
Дополнување за улогите на Светиот Дух, конкретно за „нановораѓањето“: што значи старогрчкиот збор, како фразата „вода и Дух“ се користи во Стариот Завет и што означува, што означува нановораѓањето според Библијата, плодовите на нановораѓањето и пример од Библијата за нановораѓање.
Ред 14:
[[Бог]] е Отец, Син и Свет Дух. Сите божествени карактеристики што ги имаат Отецот и Синот ги има и Светиот Дух. Тој е сѐприсутен (Пс. 139:7; 2 Тим. 1:14), вечен (Евр. 9:14), знае сѐ што и Бог знае (1 Кор. 2:10-11), ја знае иднината (Дела 1:15-16), ги создава луѓето (Јов 33:4), а тоа се особини кои Му припаѓаат само на Бог. Цитати од Стариот Завет, кои ги зборува Бог (Адонаи; Јахве), се вели дека се кажани од страна на Светиот Дух (Иса. 6:8-10 и Дела 28:25-27; Ерм. 31:31-34 и Евр. 10:15-17), а апостолот Петар вели дека кога Ананија Го излажал Светиот Дух, тој всушност Го излажал Бог (Дела 5:3-4). Исто така, Светиот Дух е личност, а не некаква енергија. Тој ги има сите особини на една личност: ум и интелект (Рим. 8:26-27; 1 Кор. 2:11), чувства (Иса. 63:10; Еф. 4:30), волја (1 Кор. 12:11), комуницира (Дела 10:19-20; 13:2; 20:23), поучува и потсетува (1 Кор. 2:13; Јвн. 14:26), љуби (Рим. 15:30) итн.
 
== Улогите на Светиот Дух ==
Кога човек ќе се нановороди преку верување и примање на [[Исус Христос]] (Јован 1:12-13; Јован 3:3-21), Бог престојува во него преку Светиот Дух (1 Коринќаните 3:16).
 
=== Нановораѓање ===
Во Јвн. 3:3 Исус му рекол на Никодим: ''„Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“''<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.bible.com/mk/bible/1501/JHN.3.3.MK2006|title=Јован 3:3 (МК2006)}}</ref> Зборот „одозгора“ е старогрчката прилошка „анотен - ἄνωθεν“<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://biblehub.com/greek/509.htm|title=509. anóthen}}</ref> која значи „одозгора, повторно, наново“. Исус намерно искористил аналогија на раѓање, бидејќи како што човекот не може да влијае врз своето физичко раѓање, исто така не може да влијае и врз своето духовно раѓање. Значи, мора да му се случи нешто, што тој самиот не може да го направи, ниту пак да допринесе нешто за тоа. Нановораѓањето е суверено дело на Светиот Дух (Јвн. 1:12-13; 3:6), во кое Тој го пресоздава човекот - му дава ново срце, нов ум, нов карактер т.е. нова природа, а покрај тоа Тој дури и се вселува во него (1 Кор. 3:16). Поради тоа, човекот е оспособен да реагира со спасоносна вера и покајание (Јвн. 6:44,65; 1 Кор. 2:14; Дела 16:11-15; 2 Тим. 2:25) и да живее свет и праведен живот (Рим. 8:8-9; Гал. 5:22-23). Таквиот човек нема да биде безгрешен (1 Јвн. 1:8,10), но ќе живее праведен живот, бидејќи тој има нова природа која ги љуби Божјите заповеди, а го мрази гревот (Мат. 7:21-23; Јвн. 14:15,23; Рим. 7:15,19,22; 1 Кор. 6:9-11; 1 Јвн. 2:4). Потоа Исус ја дообјаснува Својата изјава, велејќи: ''„Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Духот, не може да влезе во царството Божјо.“''<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.bible.com/mk/bible/1501/jhn.3.5|title=Јован 3:5 (МК2006)}}</ref> Некои луѓе мислат дека зборот „вода“ се однесува на крштавање, но таквото толкување има свои проблеми: контрадикторно е со аналогијата на раѓање (бидејќи е нешто во кое немаш никаква улога и допринос), а исто така, христијанското крштавање сѐ уште не било воспоставено. Исус рекол дека тоа било Старозаветна вистина која Никодим, како учителот на Израел, морал да ја знае (Јвн. 3:10). Тука Исус не мислел на буквална вода, туку на потребата за „очистување“, укажувајќи на пасусот во Езк. 36:25-27: ''„²⁵Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе бидете чисти; од сите ваши нечистотии и од сите ваши идоли ќе ве очистам. ²⁶Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ставам во вас; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. ²⁷Ќе го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по заповедите Мои, и вие ќе бидете внимателни да ги исполнувате наредбите Мои.“''<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://read.lsbible.org/?q=Ezekiel+36%3A25-27|title=Ezekiel 36:25-27 (LSB)}}</ref> Кога водата се користи фигуративно во Стариот Завет, вообичаено се однесува на обнова или духовно чистење, особено кога се користи во комбинација со „дух“ (4 Мој. 19:17-19; Пс. 51:9-10; Иса. 32:15; 44:3-5; 55:1-3; Ерм. 2:13; Јоил 2:28-29). Исто така, во Јак. 1:18 и 1 Пет. 1:23 пишува дека нановораѓањето е и преку Божјото слово, а во Еф. 5:26 читаме: ''„За да ја освети, очистувајќи ја со водната бања преку словото“''<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.bible.com/mk/bible/1501/eph.5.26|title=Ефесјаните 5:26}}</ref>. Така што, водата го претставува Божјото слово. Значи, Исус се осврнал на духовното миење или прочистување на душата, кое Светиот Дух го прави преку словото Божјо во моментот на спасението (сп. Тит 3:5). Во Дела Апостолски го гледаме ова како се случува: ''„И една богобојазлива жена од гра­дот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле.“'' (Дела 16:14)<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.bible.com/mk/bible/1501/ACT.16.14.MK2006|title=Дела 16:14 (МК2006)}}</ref>. Ова е неопходно за некој да може да припадне на Божјото царство. Нановораѓањето е нешто кое човекот не може да го направи; тој не може да допринесе со некакво дело или ритуал за тоа да се случи, туку само може да побара од Бог да му се смилува и да го нановороди.
 
=== Останати улоги ===
Главната улога на Светиот Дух е да сведочи за [[Исус Христос]] (Јован 15:26, 16:14). Тој им ја кажува на срцата на луѓето вистината за Исус Христос. Светиот Дух исто така и поучува (1 Коринќаните 2:9-14). Тој му ја открива Божјата волја и вистината на христијанинот. Исус им рече на Своите ученици:
„А Утешителот, Светиот Дух, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“ (Јован 14:26).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Свет_Дух