Богомила: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Избирачко место: Јазична исправка, replaced: Изборно место → Избирачко место, изборно место → избирачко место (4)
Нема опис на уредувањето
Ред 52:
 
Во текот на [[XIX век]], благодарение на природниот прираст и доселениото население од околните села, Богомила станала значајна населба во горното течение на долината на Бабуна. Според бројот на домаќинства, заостанувала единствено зад селото [[Бистрица (Велешко)|Бистрица]]. Богомила се наоѓа под превојот Преслап преку кој води стариот пат помеѓу областа на Бабуна и околината на [[Прилеп]]. Поради тоа Богомила во текот на {{римски|19}} век се развивала на попречниот каравански пат и како трговско средиште. Во Богомила се создал пазар и започнале да се продаваат производи од едната и другата област: стока и сточарски производи од областа во сливот на Бабуна и [[жито]] од околината на Прилеп. Во пазарен ден овде се продавале и до 200 товари жито. Ваквата голема и активна стопанско-економска состојба, доаѓањето на луѓе на пазарот од разни места, но и долгата историска традиција уште од времето на богомилството, придонела луѓето од Богомила да се развијат како доста свесни и будни луѓе во однос на општествените и политичките текови. Поради ова Богомила отсекогаш се истакнувала со луѓе кои биле големи и посветени борци за слободата на [[Македонија]] и македонскиот народ. Меѓу нив, најпознат е големиот македонски револуционер, еден од основачите на [[ТМОРО]] ([[ВМРО]]) — [[Петар Поп Арсов]] — кој во 1868 година се родил и живеел во Богомила, каде денес се наоѓа негова [[Спомен-куќа на Петар Поп Арсов|спомен-куќа]]. Тој потекнувал од познатото семејство на Поп Арсови кој бил истакнат преродбенички род од Богомила. Тие биле едно од водечките семејства во Богомила и Азот во постојана служба на народот и Македонија. По иницијатива на ова семејство, во 1868 година во Богомила било отворено четиригодишно основно училиште, во кое се предавало на македонски народен јазик. Споменатото училиште било изградено со заеднички пари на сите селани во висина од 10.000 [[грош]]а.
 
Во {{римски|19}} век, Богомила било село во Велешката каза на [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
Населението на Богомила доста настрадало во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], кога бугарската војска убила околу 120 старци, жени и деца. Македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], во својата книга „[[Материјали по изучувањето на Македонија]]“ од 1896 година, запишал дека Богомила е најпознатото село во Азот и претставува негово административно и трговско средиште. По изградбата на железничката пруга кон Прилеп и Битола, во 1935 година, поволната положба во однос на [[сообраќај]]от уште повеќе го поттикнала и интензивирала економскиот живот и стопанскиот развој на Богомила, која станала важна увозна и извозна станица во горниот слив на Бабуна. Во големи размери се извезувале дрва, стока и сточарски производи. Оттогаш, Богомила уште повеќе се истакнала како голема населба.