Пожаране: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
[[Податотека:Požarane (1).JPG|мини|десно|Традиционална архитектура од Пожаране]]
[[Податотека:Požarane (32).JPG|мини|десно|Спомен чешма во селото]]
'''Пожаране''' — [[село]] во [[Општина Врапчиште]], во областа [[Горни Полог]], во околината на градот [[Гостивар]]. Најпознато е по песната [[Благуно дејче, пожаранче|„Благуно дејче“]], но и по седиштето на метеоролошката станица наменета за поширокиот полошки регион.
 
== Географија и местоположба ==
Пожаране е сместено во [[Горни Полог]], северно од [[Гостивар]], на источното подножје на [[Шар Планина]]. Се наоѓа на петнаесетина километри од [[Гостивар]], аи на околу 20 километри од [[Тетово]]. Од него води асфалтен пат. Од својата источна страна селото граничи со атарот на селата: [[Галате]] и [[Врапчиште]], на запад со [[Прошовце]], од својата јужна страна со [[Ново Село-Врапчишко]] и на север со [[Калиште]] и [[Ломница]]. Селото е ридско, сместено на [[надморска височина]] од 670 метри.
 
== Историја ==
Во пишувани материјали Пожаране првпат се споменува во [[1461]] или [[1462]] година. Но селото е постара населба, поврзана со постоењето на три града, кои од шарпланинските висорамнини на 900 метри надморска висина, се протегале дури до левиот брег на реката Вардар, како соседни на селото [[Теново]]. Во вакафот на Мехмед бег се споменува „пат кој води до пожаранските воденици“ и друг „од Калиште до Пожаране“, пожарански лозја, сообраќајница „од Пожаране до разрушената кула“, пожарански шуми. Некои од пишуваните извори за Пожаране биле зачувани во ваковската џамија Ќебир Мехмед-Челеби во [[Скопје]].
 
'''Крк клисје, Градиште, Соколец, Климентија, Казаноец,''' се месности околу Пожаране. За Крк Клисје велат дека потекнува од турскиот јазик како одраз на вековното ропство и значело „40 цркви“. Градиште е источно од Пожаране, до подножjето на Шар Планина, се смета дека сè до [[1937]] година во оваа месност имало кула, а зборот асоцирал на постоење град – голем град '''Полог'''. Соколец е култно место во кое се вршеле разни обреди, а особено доаѓале невести кои немале пород, или пак мајки само на женски деца за да им се роди машко. Инаку, во слободен изговор Соколец значел „златна црква“. За Казаноец сврзана е верзија дека тука имало населба, а дивите копачи пронашле казан. За Климентија се смета дека од колено на колено над 1.000 години била пренесувана верзијата дека таму престојувал [[Св. Климент Охридски]].
 
При одредувањето на границите на овие села, се наведуваат местата: „Долг Камен“ и „Будини Ливади“. Овие места и денес постојат во атарот на село Пожаране. Завештувањето на Кјебир Мехмед Челеби од XV век било во правна сила сè до [[1912]] година. Споменатата година селани од Пожаране за последен пат дале 10% од своите производи на некојси Нури-Бег од Скопје. Тој ова го трошел за издршка на едно скопско муслиманско светилиште наменето за богослужба.
 
За Пожаране постојат пишани записи и од 1595-1868 година во кои се наведува дека „селото било чисто православно со околу 60 домови.. Во 1900 година Пожаране имало 106 куќи., со 830 жители од кои 720 биле православни и 110 муслимански“. Тогаш Пожаране во најголемиот дел било населено со православни Македонци. Имало и нешто муслимани кои зборувале албански. Тие потекнувале од поисламизирани Македонци и од прави Албанци.
 
Во {{римски|19}} век, Пожаране било село во Полошката нахија во Гостиварската каза во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
== Население и иселеништво ==
Ред 35 ⟶ 41:
Според [[Афанасиј Селишчев]] во 1929 година, Пожаране е центар на општина од 4 села во Горнополошкиот срез и има 116 куќи со 633 жители, [[Македонци]] и [[Албанци]].<ref>Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 26.</ref>
 
Во 1961 година, селото броело 601 жител и било средно село, додека во 1994 година бројот се намалил на 57 жители, од кои 47 биле [[Македонци]] и 10 [[Албанци]].
Во блиското минато Пожаране имало неколку стотина куќи и претставувало „најголема населба со православно население на овие простори“, процесот на иселување започнал кон крајот на XIX век, а поинтензивното напуштање на селото се одвивало во почетните децении на минатиот век. Токму од тие времиња испеана е и песната „[[Благуно дејче, пожаранче|„Благуно дејче“]]“, која била посветена на „преубавата Благуња“ од Пожаране, чие семејство било преселено во [[Тетово]]. Пожаранци се иселувале на повеќе страни, а најмногу во [[Белград]], [[Букурешт]], [[Москва]], [[Киев]], како и најблиските [[Скопје]], [[Гостивар]]. Во Тетово се иселиле дури 92 куќи.
 
Во блиското минато Пожаране имало неколку стотина куќи и претставувало „најголема населба со православно население на овие простори“, процесот на иселување започнал кон крајот на XIX век, а поинтензивното напуштање на селото се одвивало во почетните децении на минатиот век. Токму од тие времиња испеана е и песната „[[Благуно дејче, пожаранче|„Благуно дејче“]]“, која била посветена на „преубавата Благуња“ од Пожаране, чие семејство било преселено во [[Тетово]]. Пожаранци се иселувале на повеќе страни, а најмногу во [[Белград]], [[Букурешт]], [[Москва]], [[Киев]], како и најблиските [[Скопје]], [[Гостивар]]. Во Тетово се иселиле дури 92 куќи.
 
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 26 жители. Следува табела на националната структура на населението:<ref>[http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X]</ref>
{| class="wikitable sortable" border="1" cellspacing="0" cellpadding="2"