Филип Брајковски: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
основна страна
Ознаки: Изворно уредување 2017 Појаснителни врски
(нема разлика)

Преработка од 17:24, 15 ноември 2021

Филип Брајковски (15 август 1924 во Беличица, Маврово, Гостиварско[1]2001 во Скопје) — македонски партизан, учесник во НОВ и политичар.[2]

Животопис

Станал член на СКОЈ од 1941 година, а на КПЈ од 1942 година. Функцијата член на Реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, ја извршувал во периодот 1942-1943 година. Од септември 1943 година, бил назначен за комесар на чета во баталјонот „Мирче Ацев“ и Народноослободителниот партизански одред „Славеј“. Бил секретар на ОК - Дебар, се до ослободувањето на Македонија.[1]

По ослободувањето, заземал повеќе партиски и управни функции. Бил пратеник во Собранието на СР Македонија, во повеќе негови свикувања.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 87. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 49. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)