Васил Главинов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ мисла
Li4kata (разговор | придонеси)
.
Ред 1:
[[Слика:Васил Главинов.jpg|thumb|right|200px|[[Васил Главинов]], [[1869]] - [[1929]]]]
 
'''Васил Костов Главинов''' ({{роден во|Велес}}, околу {{роден на|||1869}} - {{починал во|Софија}}, {{починал на|24|јануари|1929}}), еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за балканска федерација. Основно образование стекнал во училиштето на [[Јордан Хаџи Константинов - Џинот]] по што го изучувал столарско-дрводелскиот занает. Во [[1887]] заминува на печалба во [[Бугарија]]. Социјалистичките идеи ги стекнал во софиското работничко друштво „Братство”. Длабоко инволвиран во социјалистичките кругови, ги ширел социјалистичките идеи меѓу македонската емиграција во [[Бугарија]]. Во [[1893]] година ја образува Македонската работничка социјалистичка група во која членувале [[Веле Марков]], [[Никола Петров - Русински]], [[Никола Карев]], [[Димитар Мирасчиев]], [[Андон Шулев]], [[Атанас Раздолов]], [[Стојно Стојнов]], [[Гиго Дандарот]], [[Лазар Главинов]], [[Димо Хаџи Димов]] и уште некои печалбари и револуционери. Прогонуван од бугарските социјалисти во [[1894]] година се вратил во Велес каде го основал „Читалиштето” кое претставува прво просветно-работничко друштво во [[Македонија]].
 
Во [[1895]] година македонската социјалистичка група на Главинов го издава своето прво гласило, „[[Револуција]]”, а во [[1898]] година и весникот „[[Политическа свобода]]”. Тргнувајќи од ставот дека без национално ослободување нема ни економска слобода социјалистите се залагаа за ослободување на Македонија и во таа насока имаа одредени контакти со [[ТМОРО]]. По одржувањето на Првата социјалистичка конференција на 3 јули [[1900]] година близу [[Крушево]] дел од македонските социјалисти се вклучија во нејзините редови и активно учествуваа во револуционерното движење. На оваа одлука Главинов остро се спротивстави.