Баба (планина): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Поправена грешка при внесување знак
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
}}
 
'''Баба''' или '''Баба Планина''' — [[планина]] што се наоѓа во југозападниот дел на [[Република Македонија]], со највисокиот врв [[Пелистер]] (2.601 м), сместена неколку километри западно од [[Битола]].
 
Легендата за настанувањето на името на Баба Планина е запишана од диовчанецот Сотир Петревски „Автобиографија“ во машинопис. Преданието вели дека некогаш живеела некоја баба која имала кози, па кога изминал месецот март, бабата ги истерала козите на паша во планината, велејќи: „Циц кози на планина, прднете марту на брадина“. Март, навреден од бабата, позајмил од април три дена. Во тие три дена наврнало толку многу снег и фатил голем студ, што бабата и козите замрзнале и оттогаш планината ја завикале Баба.