Здив (филм од 2007): Разлика помеѓу преработките

с
→‎Синопсис: Јазично подобрување, replaced: Скулптор → Вајар
[проверена преработка][проверена преработка]
(ситна поправка)
с (→‎Синопсис: Јазично подобрување, replaced: Скулптор → Вајар)
 
==Синопсис==
[[Податотека:Breath film poster.jpg|мини|Плакатот за филмот „Здив“]]
[[СкулпторВајар]]ката Јеон (ја игра Парк Џи-а) дознава дека ја изневерува сопругот (го игра Џунг-ву Ха) и сака да му се одмазди. Поттикната од [[Телевизија|телевизискиот]] прилог за злосторникот Јинг Јин (го игра Чен Чанг), осуден на [[смртна казна]] поради [[убиство]]то на сопругата и двете ќерки, кој се обидел да изврши [[самоубиство]], таа го посетува во затворот со намера да го одврати од натамошните обиди. Постепено, таа почнува редовно да го посетува, приредувајќи му тематски приредби со мотиви од [[лето]]то, [[пролет]]та и [[есен]]та. Еден ден, нејзиниот маж ја следи до [[затвор]]от и преку затворските [[Камера|камери]] ја гледа сцената во која таа се бакнува со Јин. На патот до дома, сопругот намерно предизвикува сообраќајна несреќа во која е повредена Јеон. Потоа, тој раскинува со љубовницата и го посетува Јин, велејќи му дека Јеон нема повеќе да се гледа со него. Истовремено, тој му дава [[фотографија]] од голата Јеон, но затворениците му ја одземаат така што Јин пак се обидува да изврши самоубиство. Откако дознава за тоа, Јеон повторно оди во затворот каде води љубов со Јин, но притоа се обидува да го убие. За тоа време, надвор је чекаат сопругот и ќерката. Додека тројцата се возат на патот до својот дом, затворениците го убиваат Јин.<ref>[https://www.imdb.com/title/tt0901475/ IMDb, Breath (2007) (посетено на 29.3.2019)]</ref>
 
== Наводи ==