Драчево: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 42:
Македонскиот просветител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен на [[1 мај]] [[1855]] во „Цариградски весник“ за селото Драчево запишал дека е едно од богатите села кое со кромид и други градинарски производи и зеленчуци може да ги снабдува (храни) [[Скопје]], [[Велес]], [[Прилеп]] и [[Битола]]<ref name="ReferenceF">Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. ''Избрани страници'' - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987&nbsp;г. стр.81</ref>. Џинот исто така запишал дека Драчево има нов црковен храм „Свети Спас“ и едно мало училиште кое пустее без учител.<ref name="ReferenceF"/> Добрите, гостољубиви и богати драчевски селани биле изгубени во црквата поради тоа што им служел грчки поп, кој богослужел на грчки јазик, од што селаните ништо не разбирале.<ref name="ReferenceF"/> Македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од [[1896]] година за Драчево запишал дека се наоѓа на 2 часа на југ од [[Скопје]] и 1/2 час од десниот брег на [[Вардар]], расположено во полињата помеѓу две тумби, при што целото село и околината биле потонати во зеленило кое било одмор за очите<ref name="ReferenceG">Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.47</ref>. Понатаму, Ѓорче Петров запишал дека на драчевските бавчи близу до Вардар се одгледувало кромид, грав, пипер со кои се снабдувало [[Скопје]], а покрај земјоделството, градинарството било втор извор на богатство за селаните, а 20 до 30 куќи се занимавале и со грнчарство. Драчево било прво село по благосостојба и богатство во [[Скопско]], а второ по големина (после с.&nbsp;[[Кучевиште]]), броело 150 куќи од кои најголемиот дел биле слободни и независни (не биле чифлигари во чифлизи на турските бегови и аги)<ref name="ReferenceG"/>. За староста на Драчево, [[Ѓорче Петров]], запишал дека тоа е ново село, додека старото било на полињата на Китка Планина и се викало Драчевицасо околу 10-15 куќи чии рушевини и камени огради сè уште постоеле во шумата, а се раселило поради својата положба меѓу торбешките села и изложеноста на разбојници<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.48</ref>. Во времето на национално-ослободителното движење со својот [[Македонија|македонски патриотски]] дух, жители на Драчево се приклучиле во скопската чета на [[ТМОРО]] ([[ВМРО]]) предводена од војводата [[Васил Аџаларски]]. Членови на скопската чета на [[ВМРО]] од Драчево биле: Спасе Шиндар, Велко Грчки, Ангелко и Панче Пормовски, Велко и Трпе Ашиковски, Блажо Павлевски, Трајче Китановски, Јане Велковски, Веле Домазетовски, а од нив прочуен по своите подвизи и храброст бил Блажо Павлевски кој го убил турчинот Алим и загинал во нерамна борва со Турците, при што овој подвиг бил опеан во народна песна од жителите на [[Сопиште]] каде што се криел одредено време<ref>Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр.50-51</ref>.
[[Податотека:Donacija od Srbija, Dracevo.jpg|мини|десно|По земјотресот во Скопје од 1963 година: изградба на станови во населбата Драчево, донација од Србија]]
 
Во {{римски|19}} век, Драчево се наоѓало во [[Скопска каза|Скопската каза]], на [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
=== Современа историја ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Драчево