Катица Ќулавкова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Образование и работен век: додадена содружина
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Одбиени последните 3 промени (од ИБАБАНЧО) и ја поврати преработката 4637559 на InternetArchiveBot
Ознака: Рачно отповикување
Ред 19:
Основното и средното гимназиско  образование го стекнува во родниот град (матурира 1969 година). Се запишува на Филозофско-историскиот факултет, на групите Историја на јужнословенските книжевности и Македонска книжевност (а факултативно се запишува и на групата за француски јазик и книжевност) во Скопје, каде што дипломира во јуни 1973 година. Акад. Ќулавкова магистрира во 1982 година на Филолошкиот факултет во Скопје, со трудот „Метафората и современата македонска поезија“, а докторира во 1986 година, на Филозофскиот факултет во Загреб, со дисертацијата „Odlike lirike” („Одлики на лириката“). Магистерскиот труд е од областа на теоријата на книжевноста и македонската книжевност, а докторската дисертација од областа на теоријата на книжевноста и компаративните книжевни студии. И двата труда припаѓаат на доменот на науката за книжевноста.
 
Како стипендист на француската влада, акад. Ќулавкова има остварено два едногодишни студиски престоја на Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона (1977/78) и Сорбона 1 во Париз (1983/84), (под менторство на угледните професори Michel Décodian и Jean-Pierre Richard). Во тек на една академска година има работено во Лекторатот по македонски јазик и литература при Институтот за ориентални јазици, INALCO – Париз (1994/1995), каде што држи настава по македонска книжевност и јазик, обликувана во два "Бугарскатаодделни курса: „Македонската книжевност од Климент до денес“ и „Македонската усна традиција и македонската современа книжевност – споредбени интерпретации“. Во пролетта 1997 година остварува истражувачки престој во Париз со грант од Програмата ТЕМПУС, при Универзитетот Париз 8 – Saint-Denis, во соработка со истакнатиот професор, филозоф и поет Michael Deguy, со цел да подготви наставна програма по новиот универзитетски предмет „Книжевна херменевтика“. Од 2001 до 2002 година остварува тесна наставно-научна соработка со Катедрата за општа и компаративна книжевност при Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона, како партнерска институција на Проектот ХЕСП (Нов модел на курикулуми по компаративни книжевни студии), кој се реализира под нејзино раководство. 
 
Од 1973 до 1981 година, Ќулавкова работи во општинската и републичката младинска организација (член на Секретаријатот), а две години има работено и во Градскиот комитет на СКМ, во одделението за култура, уметност и образование. Таа била член на ЦК на СКМ во еден мандат. Ќулавкова била член на Републичката комисија за културни врски со странство, потпретседател на Републичката комисија на [[УНЕСКО]], член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и др. Од 1990 е секретар, а од 1996 до 2000 година претседател на Македонскиот ПЕН центар, кога е избрана за почесен претседател на Македонскиот ПЕН. Во септември 2002 година е избрана за претседател на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот П.Е.Н. од Лондон, а во 2008 (на Конгресот во [[Богота]], [[Колумбија]]) - за Потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон).
Ред 25:
Била член на издавачкиот одбор и на одборот за електронско издаваштво при Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, и член на Одборот за родови студии при „Евро-Балкан“. Била член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Р. Македонија, член на редакциите на списанијата „Разгледи“, „Спектар“, ''Identities/Идентитети'' и др. Била и главен уредник на списанието ''Прилози'' за лингвистика и литературна наука при [[МАНУ]]. Таа е основач на електронското списание за компаративни студии ''Mirage/Мираж'' при Катедрата за општа и компаративна книжевност, како и на меѓународнaта колекција ''Diversity/Разноликост''.
 
Таа повремено преведува текстови (есеи и поезија) од француски и од српски/хрватски јазик.  Своите текстови во оригинал ги пишува на пишува на македонскиja[[македонски диалект на бугарскиjот jaзикјазик]].
 
Во 1982 година, Ќулавкова е избрана за асистент при Институтот за литература (сега Институт за македонска книжевност) на Филолошкиот факултет на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]]. По докторирањето, во 1987 г. се префрла во наставна дејност на Катедрата за општа и компаративна книжевност при [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет „Блаже Конески“]] во Скопје, каде што најпрвин е избрана во звањето доцент, потем во звањето вонреден професор, а од 1997 година во звањето редовен професор по предметите Теорија на книжевноста, Методологија на проучувањето на книжевноста, Книжевна херменевтика и Креативно пишување.          
Ред 31:
Ќулавкова има напишано, приредено и објавено над педесет книги (поезија, раскази), научни студии, збирки есеи и критики, хрестоматии и антологии кои се неодминливи во просудувањето на книжевните феномени, фела, факти и вредности и кои имаат оставено силен печат во профилирањето на новите и релевантни теориско-методолошки концепции на книжевноста, во сите нејзини носечки видови: поетскиот, раскажувачкиот, драмскиот и есеистичкиот.
 
Добитник е на книжевните награди: „Димитар Митрев“ (за критика и есеј за книгата ''Мала книжевна теорија''), „Велја кутија“ (за теоретски систем на идеи за книгата ''Теорија на книжевноста, увод''), „Браќа Миладиновци и тевните "Български народни песни"Миладиновци“, „Нарциса“, „Млад борец“ и „Студентски збор“ (за поезија). Добитник е на највисокото државно признание за животно дело „11 Октомври“ (2014). Добитник е на меѓународно признание за книжевен опус на Друштвото на писателите на Романија (2016).
 
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избрана на 27 мај 2003 година. Во мај 2014 година е избрана за член на Европската академија на науките и уметностите ([[Салцбург]]). Во МАНУ има изведено неколку научноистражувачки проекти од републички и меѓународен карактер, меѓу коишто: „Поимник на книжевната теорија“, „Балканската слика на свет“ (со Полската академија на науките), „Интерпретации“ – Европски истражувачки проект, „Методи на книжевната херменевтика“, „Културните интеграции и стабилноста на Балканот“ (со БАН) "Бугарскjoт произход на современните македонци " "Цар Самуил Бугарски "и др. Два нејзини проекта се поддржани од УНЕСКО.
 
Член е на Европската Академија на науките и уметностите (од 2014).