Брежани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Географија и местоположба: Правописна исправка, replaced: Трифуноски Ф.Јован → Трифуноски Ф. Јован (2)
Ред 18:
 
== Географија и местоположба ==
Брежани се наоѓа на 25 километри воздушна линија од Охрид помеѓу планинските масиви [[Илинска Планина]] и [[Мазатар]] на надморска височина од 985 метри<ref name="ReferenceA">Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр. 38</ref>. Со магистралниот пат [[Охрид]] - [[Скопје]] се поврзува кај селото [[Ботун]]. Од Ботун патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Се ноѓа на 6&nbsp;км јужно од селото Велмеј. Од градот [[Охрид]] е оддалечено 32 километри<ref name="ReferenceA"/>. Сместено е во крајниот југоисточен дел на областа [[Дебрца]] вово горниот тек на Брежанска Река<ref name=":0">Трифуноски Ф. Јован „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, Белград, 1990&nbsp;г. стр. 272</ref>. Во долината на Брежанска Река се редат извор до извор, поради што народот вели дека Брежани има добра земја, здрава вода и убав свет<ref name=":0"/>. [[Илинска Планина]] источно од Брежани се поврзува со [[Плакенска Планина]], при што тие претставуваат единствен планински венец кој се протега во меридијански правец север - југ. Кај Брежани се наоѓа преминот (превојот) помеѓу областите [[Дебрца]] и [[Демир Хисар|Железник (Демир Хисар)]], поради што во минатото на овој простор активно бил развиен сообраќајот<ref name=":1">Трифуноски Ф. Јован „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, Белград, 1990&nbsp;г. стр. 273</ref>.
 
Атарот на селото Брежани граничи со атарите на следните села: од север и североисток [[Велмеј]] и [[Големо Илино]], од исток и југоисток [[Мало Илино]], [[Базерник]] и [[Слоештица]], од југ [[Плаќе]], [[Речица (Охридско)|Речица]] и [[Куратица]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Брежани