Сопот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Потекло и значење на именката Сопот: Јазична исправка, replaced: лингвистот → јазичарот
с →‎Потекло и значење на именката Сопот: Правописна исправка, replaced: Трифуноски Ф.Јован → Трифуноски Ф. Јован (2)
Ред 5:
За потеклото на името Сопот се смета дека доаѓа од исчезнатата именка ''сопот'' во [[словенски]]те јазици со значење: 1. шумење, жуборење на вода; 2. извор, водопад<ref name="ReferenceA">Иванова Олга. „Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница“. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 1996. стр. 547</ref>. Именката сопот може да означува: на [[старословенски јазик|старословенски]]: ''цевка''; на [[српскохрватски јазик|српскохрватски]]: ''извор кој со силен шум продира од земјата, водопад''; на [[словенечки јазик|словенечки]]: ''испарување, водопад'', на [[бугарски јазик|бугарски]]: ''дрвена цевка низ која тече вода, вода што тече низ бразда''<ref name="ReferenceA"/>.
 
Околу потеклото и значењето на името Сопот може да се поврзе и претпоставката за потеклото на името на [[Сопиште]] од јазичарот П.Скок, кој сметал дека е изведено од глаголот (ст. слов.) ''сопсти'', но не во значење на пеење туку на задишување<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958&nbsp;г. стр.128</ref>. Според тоа, името [[Сопиште]] означува тешко пристапно место во ридски предел до кое треба да се задиши човек додека да дојде<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958&nbsp;г. стр.129</ref>.
 
За потеклото и значењето на името Сопот, може да се поврзат и глаголот ''сопна'', ''сопнување'' од современиот [[македонски јазик]], што означува тешкотии при одењето и пристапноста, што може да укажува на тоа дека Сопот означува тешко достапно, односно место со отежнат пристап, што донекаде може да се поткрепи со ридската местоположба на селата со имиња Сопот во [[Македонија]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сопот