Орешани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: се погол → сè погол
с Правописна исправка, replaced: Трифуноски Ф.Јован → Трифуноски Ф. Јован (6)
Ред 25:
 
== Историја ==
Првиот помен за Орешани се сретнува во [[1300]] година кога е забележано дека ќелијната црква Света Петка од соседното село [[Морани]] имала земја во селото ''Ораши'' или ''Ворошах'' и тоа на четири места околу 100 каблови (житна и земјишна мерка) купени и 15 каблови околу Петровиот Крст, дарувани за друша<ref name="ReferenceA">Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.105</ref>. За време на отоманското владеење Орешани било големо православно [[Македонци|македонско]] село од кое на местото Јурија на селскиот собир оро играле 40 до 50 девојки<ref name="ReferenceB">Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.106</ref>. Во XIX век селото го почифличиле турци-муслимани од [[Скопје]] кои во лето доаѓале во Орешани, а земјата на чифликот ја обработувале [[Македонци]]те кои постојано живееле во селото<ref name="ReferenceB"/>. Кон средината на XIX век Орешани се споменува од македонскиот просветител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] кој во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај [[1855]] година за Орешани запишал дека е доброплодно село од сешто и неговите жители - славјани (Македонци) се премногу добри и вредни луѓе (''родници''), а најмногу гостољубиви и имаат црква Св. Атанасија<ref>Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. ''Избрани страници'' - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987&nbsp;г. стр.82</ref>.
 
Како и во соседното село [[Морани]], така и во Орешани во втората половина на XIX век започнале да се доселуваат [[Албанци]] од блиското село [[Студеничани]], кои лете доаѓале да ја работат земјата, а зиме се враќале во своето село<ref name="ReferenceB"/>. За брзо време тие [[Албанци]] ја откупиле и дел ја приграбиле земјата од турските бегови, а со насилство, убиства и терор ги натерале незаштитените жители [[Македонци]] да се иселат, така што околу [[1880]] година селото било наполно раселено<ref name="ReferenceA"/>. Од старите македонски родови кои се иселиле од Орешани во втората половина на XIX век се знаат следниве: Матеовци (еден дел од селските гробишта по нив го носи името Матеовски гробишта), Големовци (отишле во [[Скопје]]), Велковци (отишле во [[Скопје]]), Мартиновци кои биле најбогат селски род, а по приграбувањето на нивната земја целосно осиромашиле и со последниот машки потомок Лазо изумреле во Орешани, Велко Орешанец се иселил исто така во [[Скопје]], а Блажо Чибуче една ноќ бил убиен во селото<ref name="ReferenceB"/>. Во селото живееле голем број на други родови, меѓутоа запаметени се оние кои последни се иселиле или изумреле.
 
Орешани започнало да се обновува со доселувањето на [[Македонци]], родовите Тошевци и Грнчаровци, кои дошле како наполичари да ја обработуваат земјата во туѓа сопственост<ref name="ReferenceC">Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.107</ref>. Поради поволната положба и плодноста на земјата крај [[Вардар]] по отоманското владеење и ослободувањето по Втората светска војна во Орешани започнало да се доселува сè поголем број на население, највеќе [[Македонци]], од соседните села [[Таор]], [[Зелениково]], [[Градовци]], како и од [[Скопје]], [[Битола]] и [[Велес]].
 
===Потекло и значење на името===
Ред 36:
== Стопанство ==
 
Селото Орешани има главно полјоделска функција судејќи според составот на неговиот [[атар]] кој зафаќа површина од 3,7&nbsp;км<sup>2</sup> (192&nbsp;ха обработливо земјиште, 79&nbsp;ха шуми и 44&nbsp;ха [[пасишта]]). Од полјоделските култури најмногу се одгледуваат житните растенија (пченица и јачмен), а застапени се и градинарските култури (домат, пиперка, краставица) како и полјоделски култури како лубеници, тутун<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.109</ref>, а на ридскиот предел многу се застапени и лозарството и овоштарството. Дел од населението се занимава и со сточарство (овци и крави) и млекото најчесто оди за преработка во сирење и останати млечни производи во блиската млекарница во [[Зелениково]]. Во последно време интересно е тоа што и покрај оддалеченоста од градот [[Скопје]] во селото се населуваат и богати македонски стопанственици, трговци и инженери кои покрај своите куќи во Орешани ги регистрираат своите фирми и имаат свои погони. Во поново време изградени се фабриката и компанијата за електроника и електронски микро-чипови, производствениот погон за мебел и покуќнина „Бујото“, како и приватниот старечки дом “Панада“ кој се одликува со одлична опременост.
 
== Население ==
Ред 51:
 
===Родови===
Најголемиот дел од населението на Орешани се [[Православие|православни]] [[Македонци]]. Македонски родови во Орешани се: ''Тошевци'' (од с.&nbsp;[[Драчево]]), ''Грнчаровци'' (од с.&nbsp;[[Карабуниште]]-Велешко), ''Грујовски'' или ''Зелјаровци'' (од с.&nbsp;[[Градовци]], поддалечно потекло од с.&nbsp;[[Карабуниште]]-Велешко), ''Меловски'' (од с.&nbsp;[[Галичник]])<ref>Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.107-108</ref>. Денес во Орешани живеат голем број на [[Македонци|македонски]] семејства доселени од [[Скопје]], соседните села [[Таор]], [[Зелениково]], [[Градовци]], од градот [[Велес]] и околните села, како и од градот [[Битола]] (2 куќи) и околните села.
 
<!-- == Културни и природни знаменитости ==
Ред 68:
 
== Редовни настани ==
Православното македонско население ја прославува славата Свети Атансиј на 31 јануари. Во минатото на денот на Св. Атанасиј се колела жртва кај истоимениот крст во селото<ref name="ReferenceD">Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.108</ref>. Сè до изградбата на црквата, Св. Атанасија била ''преслава'', а селска слава немало, додека за верски потреби населението ги посетувало црквите во [[Таор]] и [[Драчево]]<ref name="ReferenceD"/>.
== Иселеништво ==
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орешани