Ајватово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Местоположба: Исправка на параметар, replaced: том= → дел=
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: одпадн → отпадн
Ред 71:
 
==Историја==
Ајватово или Ајвати како што многумина од патописците и околното население го викале, било патријаршиско село под големо влијание на грчката пропаганда поради блискоста до главниот центар [[Солун]]. Ајватово, [[Ѓувезна]] (Асирос), [[Дремиглава]] (Дримос), [[Балџа]] (Мелисохори) и [[Лагиново]] (Лагина) се села со сродна историја кои заедно многу рано подпадналепотпаднале под грчката пропаганда и нивната „Македонска Борба“ - «μακεδονικού αγώνα». Во селото уште на почетокот на XX век било организирано патријаршиско основно училиште со еден учител задолжен за 207 ученици.<ref>[http://anemi.lib.uoc.gr/php/pdf_pager.php?filename=%2Fvar%2Fwww%2Fanemi-portal%2Fmetadata%2F6%2F9%2F5%2Fattached-metadata-5d3c137498cf87397083652dec9dfdac_1242889374%2F154547_w.pdf&rec=&do=&width=1031&height=728&pagestart=1&maxpage=141&lang=en&pageno=138&pagenotop=138&pagenobottom=139 ПДФ документ]</ref> Од ова место потекнува Андон (Антон) Димитров Филахтечев или скратено како што го знаеме [[Андон Димитров]] еден од основачите на [[ВМРО]] на 23 октомври 1893 година во Солун.<ref>[http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%BD_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2 Андон Димотров]</ref>
 
Од 1913 година после големите борби и меѓусебни преземања и смена на окупаторите за две години неколкупати, паѓа конечно под грчка власт. Името на селото опстојува сè до почетокот на втората деценија од 20век кога со декретот за измена на топонимијата во Северна Грција на 31.08.1926 година му се смени името во Лити или Лете спрема новиот изговор.<ref>[http://pandektis.ekt.gr/pandektis/handle/10442/170248 Смена на имињата на населбите во Грција]</ref> Новото име Лити го добива по истоимената античка населба која била центар на областа [[Мигдонија]] и постоела уште во времето на [[Филип II Македонски]].