Охрана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
с →‎top: Правописна исправка, replaced: одпадн → отпадн
Ред 1:
'''Централен бугаромакедонски клуб''' или '''„Охрана“''' — националистичка [[Бугари|бугарска]] организација која постоела во текот на [[Втората светска војна]] од [[1941]] до [[1944]] година. Делувала кај локалното [[Македонци|македонско]] население од западна [[Егејска Македонија]], потпомогната од тамошните [[бугарофил]]и.
 
„Охрана“ е формирана од бугарскиот офицер [[Андон Калчев]], кој е роден во село [[Жужелци]], [[Костур]]ско, со цел создавање на услови во овој дел на Македонија за потпаѓање под власта на [[Царство Бугарија|Царството Бугарија]]. Западниот дел од [[Егејска Македонија]], односно југозападниот дел на Македонија (во етнички и географски граници) била спорна територија помеѓу [[Кралство Италија|Кралството Италија]] и Бугарија. Бил постигнат договор според кој оваа територија подпадналапотпаднала под власта на Италија, меѓутоа бугарските власти не биле задоволни од таквата поделба и сакале овој дел на Македонија да се најде под бугарска окупација. Оттука бугарските власти, преку „Охрана“ сакале да извршат притисок врз италијанските власти и да создадат услови за присоединување на овој дел од Македонија под бугарска власт. Треба да се истакне на 12 март 1943 година во Костур пристигнува генерал [[Џузепе дел Џудиче]] со наредба на италијанската команда за вклучување на италијански војници за помош на „Охрана“.<ref>"Национално-ослободителните борби на македонските и тракиските Бугари ", издавачка куќа на Македонскиот научен институт, гр. Софија, 2004, том 4, 1919-1944 година.</ref> По капитулацијата на Италија во текот на летото на 1943 година, италијанската зона е окупирана во есента од Германците. Со помош на германските власти ротите на Охрана се реорганизирани во територијална одбрана и се превооружени.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Охрана