Немезида (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Νεμειν (Немин). ει=и, бидејќи е дифтонг.
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Правописна исправка, replaced: одмазн → одмаздн
 
Ред 14:
}}
 
'''Немезида''' (или '''Немсис''') ({{lang-gr|Νέμεσις}}) во [[грчка митологија|строгрчката митологија]] е божица на одмаздата која казнува по заслуга.
 
Немезида уште е нарекувана и Рамнонта (божица на Рамнонт, гратче во [[Атика]], каде што било нејзиното светилиште, северно од Маратон) и го претставувала духот на божествената одмазда против арогантните (оние кои покажувале ароганција кон боговите). Се појавува и со името Адрастеја, со значење - неизбежност.<ref>Есхил, ''Окованиот Прометеј'' 936; Еврипид, ''Резус'' 342</ref> Во антиката била персонифицирана како безмилосна одмазничкаодмаздничка судбина: божица на одмаздата. Зборот νέμειν (немин), значи „да се добие она што се заслужило“.<ref>Entry [http://www.etymonline.com/index.php?term=economy economy] in the ''Online Etymological Dictionary''</ref>
 
== Митологија ==
Ред 22:
 
Како ќерка на Ноќта ([[Никта]]), Немезида била присутна секаде каде што се кршела Правдата ([[Темида (митологија)|Темида]]). Секаде ја следи Срамот ([[Ајда]]) и кога човечкиот род сосема ќе се расипе, овие две божици засекогаш ќе ја напуштат Земјата и ќе се вратат меѓу боговите на Олимп. Немезида е стога и девствена божица. Ги казнува суетата и горделивоста, па затоа го казнила и убавиот [[Нарцис (митологија)|Нарцис]]. Ја менува судбината на луѓето и ги опоменува да бидат умерени. Немезида ги дарувала луѓето со среќа или несреќа, според нивните заслуги. По тоа, таа се разликува од [[Еринии]]те, кои само ги казнувале луѓето.
И покрај тоа што дарувала среќа, Немезида почесто казнувала, што е во тесна врска со постапките на луѓето и нивните карактери. Особено ги казнувала оние кои ќе ја прешле границата, т.е. оние кои не знаеле да ја ценат ненадејната среќа и благосостојба, па си дозволувале другите луѓе да ги прават несреќни.
 
Според едн мит, [[Зевс]] сакал да ја придобие љубовта на Немезида, но таа бегала од него и преку копно и преку море, преобразувајќи се во разни [[животни]]. Кога се преобразила во [[дива гуска|гуска]], Зевс ја стигнал преобразувајќи се во [[црвеноклун лебед|лебед]], така спојувајќи се со неа. Од таа врска излегло сино [[јајце]] од кое се родила убавата [[Елена (митологија)|Елена]]<ref>Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & Драгослав Срејовиќ, 1992 ''Лексикон на религии и митови'', Современа администрација, Белград</ref>.
 
== Култ ==
Немезида била особено почитувана меѓу Јонците. Двете нејзини најпознати светилишта биле во [[Смирна]] и во [[Атика]] (во Рамнонт). Подоцна, во хенско-римската епоха, под влијание на религискиот синкретизам (спојување на религиите), станала универзално божество сродно со [[Кибела]], [[Адрастеја]] и [[Изида]]. Особено била почитувана за време на одржување на игрите, за да бдее над правилата и да го прогласува победникот. Исто така, особено ја почитувале војниците.
Нејзините статуи најчесто се наоѓаат во гимназиумите, амфитеатрите и на хиподромите.
 
 
== Наводи ==
Ред 39 ⟶ 38:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Старогрчки божици]]