Липидни капки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎'''Регулација на липолизата''': Јазична исправка, replaced: матрикс → матрица, цаот → цата
с →‎'''Регулација на липолизата''': Јазична исправка, replaced: сензитивна → чувствителна (3)
Ред 25:
 
=== '''Регулација на липолизата''' ===
Разградбата на липидните капки т.е. на неутралните масти е хормонски регулирана. Една од двете најважни липази во липолизата, хормон сензитивначувствителна липаза (HSL) во базална состојба се наоѓа во цитозолот во неактивна форма. Регулацијата се одвива по принципот на реверзибилна фосфорилација - во фосфорилирана форма ензимот е активен, а со дефосфорилирање преминува во инактивирана форма. Активацијата се врши од страна на катехоламините преку cAMP-протеин киназа А-сигналниот пат, а инактивација преку дефосфорилација регулирана од инсулинот преку PIP<sub>3</sub>-сигналниот пат. Притоа, регулаторниот протеин перилипин, кој е асоциран со површината на липидните капки, има улога за активноста и позиционирањето на хормон-сензитивнатачувствителната липаза на површината на липидната капка. Вториот важен ензим за липолизата, адипоцитната триацилглицерол-липаза (ATGL), во базална состојба се наоѓа на површината од липидната капка, но ензиматската активност е значително ограничена во отсуство на нејзиниот коактиватор, протеинот CGI-58. CGI-58 во базална состоја е врзан за перилипин на површината на липидната капка и не може да дејствува како коактиватор на липидната триацилглицерол-липаза (ATGL).<ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/1184499268|title=Löffler-Petrides Biochemie und Pathobiochemie|last=Heinrich, Peter C. 1939-|first=|last2=Löffler, Georg 1935-|last3=Petrides, Petro E. 1949-|last4=Müller, Matthias|last5=Graeve, Lutz|publisher=Springer Medizin|year=2014|isbn=978-3-642-17971-6|edition=9., vollst. überarb. Aufl|location=Berlin|pages=|oclc=1184499268}}</ref> Преку активирање од страна на cAMP-зависната протеин-киназа А, CGI-58 дисоцира од перилипн и се врзува за липидната триацилглицерол-липаза и значително ја зголемува нејзината активност. Перилипин исто така е активиран од cAMP-зависната протеин-киназа А и во својата активна форма ја врзува активираната хормон-сензитивначувствителна липаза на површината на липидната капка. Двата ензими ги разложуваат триацилглицеролите до моноацилглицероли, при што адипоцитната триацилглицерол-липаза е важна за воведната липолиза. Моноацилглицеролите последователно се разложени до глицерол и масна киселина од страна на конститутивно активната моноацилглицерол-липаза (MAGL). Ослободените масни киселини се транспортираат во матрицата на митохондриите, каде преку процесот на β-оксидација се разложуваат до ацетил-КоА.
 
Липидниот метаболизам покрај хормонската контрола е регулиран и од страна на масни киселини, кои преку јадрени рецептори ја контролираат генската експресија на одредени гени.