Динчо Вретенаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎top: Правописна исправка, replaced: убици → убијци
Ред 10:
| починал-место = [[Припечене]], [[Петричко]], [[Пиринска Македонија]]
}}
'''Динчо Вретенаров''', со псевдоним ''Кескинов'', — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на [[ВМРО (Автономистичка)|Внатрешната македонска револуционерна организација]], тој еден од физичките убициубијци на [[Тодор Александров]].
== Животопис ==
Динчо Вретенаров е роден во с. [[Спатово (Серско)|Спатово]], [[Серско]]. По 1919 година учествува во основањето на ВМРО во [[Петрич]]ко. На 27 август 1921 година заедно со [[Штерију Влахов]] го убиваат петричкиот окружен управник Борис Козлев, по што стануваат нелегални. Станува околиски војвода во [[Мелник|Мелничко]]. На крајот на август 1924 година Штерју Влахов и Динчо Вретенаров го извршуваат убиството на Тодор Александров во Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на [[Александар Василев - Алеко Паша|Алеко Василев]] и [[Георги Атанасов]], а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штеријо Влахов да се елиминираат без пресуда <ref>Гаджев, Иван. „Иван Михайлов - отвъд легендите“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Св. Климен Охридски“, стр. 396-397</ref>.