Википедија:Натпревар за научна фотографија 2021: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
== Замисла ==
[[Податотека:Logo for e-Science Photo Competition v2 mk.svg|300 px|right|Лого на натпреварот]]
Невозможно е да се замисли нашата култура без наука. И во визуелниот свет во кој живееме, не е доволно да се зборува за наука: потребно е да се визуелизира. Затоа го организираме овој натпревар, да го промовираме создавањето и, пред ссé, бесплатната размена на сите видови слики поврзани со науката.
 
Натпреварот првпат беше организиран во [[en:Estonian Science Photo Competition|Естонија]] во 2011 година, а во 2015 година беше проширен на цела [[commons:Commons:European Science Photo Competition 2015|Европа]]. Таа година беа добиени 9.793 слики со бесплатна лиценца од повеќе од 2.200 различни учесници. Во 2017 година натпреварот беше проширен на целиот [[commons:Commons:Wiki Science Competition 2017|свет]] и беа добиени 9.575 слики благодарение на учеството на повеќе од 1.928 луѓе.
Ред 51:
=== Правила ===
# Натпреварот за научна фотографија 2021 '''се одржува од 1 ноември во 00:00:00 часот до 15 декември 23:59:59'''. Се признаваат само слики подигнати во текот на тој период.
# Фотографијата мора да прикажува научни постапки, работења и делувања, појави, предмети, лица поврзани со науката, животински и растителен свет итн. што ги претставуваат и се дел од '''природните и техничко-технолошките науки''' во Македонија.
# Подигачот мора да биде автор на сликата. Можете да учествувате само со '''слики што вие сте ги направиле''' или каде вие сте еден од авторите. Во вториот случај, ќе мора да ги наведете сите автори.
# Бидејќи ова е фотографски натпревар, очекуваме сликите да бидат со '''добар квалитет и големина'''. Секоја слика треба да има барем 2 мегапиксела, а подобро е и уште повеќе. Доколку сликите се мали, тогаш едно решение би било да се претстават како колаж ([[:Податотека:00065_sand_collage.jpg|пример]]).