Имануел Кант: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Филозофија: Правописна исправка, replaced: ритицизам → ритика
Ред 29:
Историчарите на филозофијата во главно разликуваат два периоди од неговата филозофија: преткритички период и критички означен со неговите три критики. Во преткритичкиот период Кант не е оригинален филозоф, туку верно се придржува кон [[Лајбниц]]овото учење. Од ова време е неговиот познат труд ''Општа историја и теорија на небото'', во која ја изнел својата бележита теорија за потеклото на [[Сончев Систем|Сончевиот Систем]]. Имено, ниеден научник пред него не го поставил ова прашање, [[Њутн]] мислел дека небесните тела, а со тоа и Сончевиот Систем, вечно постојат создадени од вечен творец (Бог). Кант од оваа област ја отфрлил [[теологија]]та, објаснувајќи го со природни закони настанувањето на [[Сончев Систем|Сончевиот Систем]]. „Дајте ми материја и јас ќе го создадам светот“, вели Кант. [[Пјер Симон Лаплас|Лаплас]], француски математичар и астроном, со математички апарат ја образложил оваа теорија, која е позната и како [[Кант-Лапласова теорија|Кант-Лапласова]]. Кога [[Наполеон Бонапарт|Наполеон]] го прашал Лаплас за местото на Бога во оваа теорија, овој му одговорил дека нема потреба од една таква хипотеза.
 
Критичкиот период од дејноста на Кант нашол израз во три славни дела: „[[Критика на чистиот ум]]“, „[[Критика на практичниот ум]]“ и „[[Критика на моќта на судењето]]“. Во нив Кант ја разработил својата филозофија позната по овие книги како [[критицизамкритика]] или [[трансцендентален идеализам]], наречена така поради методот што го применил и резултатите што ги добил.
 
Она што Кант настојувал да го постигне со своите критицистички дела е да ја надмине спротивноста меѓу [[Рационализам|рационализмот]] и [[Емпиризам|емпиризмот]]. Кант вели дека од „догматската дремка“ (од Лајбницовата филозофија и рационализмот, воопшто) го разбудил [[Дејвид Хјум]]. Но, и емпиризмот, кој овој англиски филозоф го одвел во скептицизам, не го задоволил Кант, бидејќи не давал можност за засновување на науките, кои во тоа време покажале убедливост и сигурност во своите тврдења. Во тоа пердничеле [[Евклид]]овата геометрија и [[Њутн]]овата физика. Всушност, Кантовата филозофија претставува обид да се дадат филозофски основи на овие две науки. Од друга страна, Кант сакал да испита дали и филозофијата може да биде наука во чиј предмет и поставки никој не може да се сомнева.