Парис (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с Јазична исправка, replaced: днесол → днел (2)
Ред 5:
==Детството на Парис==
[[Image:Statue of Paris.jpg|thumb|left|mini|[[Статуа]] на Парис што се чува во Британскиот Музеј]]
Парис бил вториот син на [[Пријам]] и [[Хекуба]].<ref name="Beleške 2016"/> Пред да се роди, мајка му сонувала дека родила заплеткани змии или факел чиј пламен ја зафатил целата Троја. Преплашената кралица, се посоветувала со [[Есак]] (синот на Пријам од првиот брак), кој бил гатач и ја знаел [[ониромантија|вештината на толкување соништа]]. Есак вака го објаснил значењето на сонот: кралицата ќе роди син, кој ќе биде причина за пропаст на својот град. [[Хекаба]] навистина родила син, а Херофила, свештеничката во храмот на [[Аполон]], и другите видовити луѓе барале детето да биде убиено. Хекаба се согласила детето да биде однесено на планина и да биде убиено. Кралот Пријам му го дал новороденчето на еден од слугите, по име Агелај, да го убие. Слугата Агелај се сожалил на детето, па го однесолоднел во гората Ида и го оставил живо, сметајќи дека дивите животни ќе го изедат. На кралот Пријам како доказ за смртта на детето му однесолоднел јазик од куче. Парис израснал на гората Ида, каде го одгледала мечка.<ref>„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, ''Kasandra''. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 168.</ref> Парис бил многу убав и паметен. Уште како момче успеал да ги совлада крадците на стока и да го врати стадото кај сточарите, кои го нарекле Александар, со значење „бранител на луѓето“.
 
== Судот на Парис ==
Ред 17:
[[Податотека:Helene Paris David.jpg|thumb|десно|[[Жак-Луис Давид]]: [[Елена (митологија)|Елена]] и Парис]]
 
Во моментот кога [[Афродита]] на Парис му ја ветила раката на [[Елена (митологија)|Елена]], таа веќе била мажена за [[Менелај]], кралот на [[Спарта]]. Но, ова не го спречило Парис да ја грабне, крадејќи ги притоа и коњите на Менелај. Во другата верзија на митот, Елена се вљубила во Парис и побегнала со него доброволно, напуштајќи ги сопругот и деветгодишната ќерка [[Хермиона]]. Кога Менелај дознал дека му ја нема жената, ги повикал сите сојузници на помош да ја вратат, и така е започната [[Тројанската војна]], која траела десет години. Постои и подоцнежен мит во кој, на патот кон Троја, египетскиот крал [[Протеј]] му ја грабнал Елена, а нему му дал сенка, слична на Елена.<ref name="Krista Volf 1987">„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, ''Kasandra''. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.</ref>
 
===Парис во војната===
Во [[Хомер]]овата [[Илијада]], Парис е прикажан како кукавица, а често Тројанците, како виновник за војната, го мразеле. За време на двобојот со Менелај, го спасила [[Афродита]]. Парис подмолно го убил [[Ахил]] - со отровна стрела која ја водел богот [[Аполон]].<ref>„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: name="Krista Volf, ''Kasandra''. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.<"/ref> Друга верзија на митот вели дека Парис бил многу добар стрелец, и дека самиот го погодил Ахил во петицата. Но, истакнувањето на Парис како стрелец е верзија во која тој е прикажан како Азиец, а не како Грк, бидејќи Грците ретко во битки користеле лак и стрела, за разлика од Азијците во тоа време. Парис бил убиен од [[Филоктет]]. Откако умрел, неговиот брат Диофоб се оженил со Елена. Него пак, го убил Менелај и ја вратил Елена назад во Спарта.
 
==Наводи==