Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Семејство: Правописна исправка, replaced: било какво → какво било
додаден поднаслов Критики за анархизмот
Ред 197:
 
Без сомневање, Марксовото сениште на комунизмот се вртело низ Европа. Ние сме навикнати да ги гледаме социјалдемократијата и комунизмот како многу различни, но првобитната разликувачка црта на комунизмот – дека се стреми да ја преземе власта преку вооружено востание, беше одамна напуштена од страна на повеќето комунистички политички партии. Овој првобитен комунистички принцип бил задржан само од страна на маоистичките партии во Азија и Јужна Америка, додека сите други левичарски партии во оваа смисла се социјалдемократски.
 
Марксовиот придонес за науката за општеството е огромен, но заедно со неговиот неразделен пријател [[Фридрих Енгелс]] оставиле длабоки траги не само во науката туку и во политичката практика во XIX и XX век. Само до пред нешто повеќе од една деценија скоро половина од човештвото живееше во општества што се сметаа за социјалистички (комунистички), а огромен број интелектуалци (филозофи, социолози, економисти, уметници) се сметаа за марксисти и беа под огромно влијание на овој мислител. Помеѓу нив, на пример, беа [[Ѓерѓ Лукач]] и [[Ернст Блох]]. Понатаму, значајни се припадниците на [[Франкфуртска школа|Франкфуртската школа]]: [[Херберт Маркузе]], [[Теодор Адорно]], [[Ерих Фром]], [[Макс Хоркхајмер]], [[Валтер Бенјамин]] и [[Јирген Хабермас]]. Помеѓу другите, во Англија денес активно работат [[Ерик Хобсбаум]] и [[Пери Андерсон]]. Во САД сѐ уште е актуелен [[Фредерик Џејмсон]]. Еден од најголемите интелектуалци од 20 век, [[Жан Пол Сартр]], постепено го модифицираше својот [[егзистенцијализам]], сѐ повеќе приклонувајќи се кон марксизмот. Исто така, значајни се [[Антонио Грамши]], [[Карл Корш]] и [[Луј Алтисе]].
 
== Учење ==
Ред 233 ⟶ 235:
Маркс смета дека борбата меѓу капиталистите и [[пролетaријат]]от ќе биде последна фаза од класната борба (која ќе заврши со револуционен пресврт), и тоа општество ќе биде заменето со бескласно општество - [[комунизам]], во кое ќе нема разлики меѓу богатите и сиромашните и ќе дојде до воспоставување на поправедно општество.
 
=== Критики за анархизмот ===
Марксовиот придонес за науката за општеството е огромен, но заедно со неговиот неразделен пријател [[Фридрих Енгелс]] оставиле длабоки траги не само во науката туку и во политичката практика во XIX и XX век. Само до пред нешто повеќе од една деценија скоро половина од човештвото живееше во општества што се сметаа за социјалистички (комунистички), а огромен број интелектуалци (филозофи, социолози, економисти, уметници) се сметаа за марксисти и беа под огромно влијание на овој мислител. Помеѓу нив, на пример, беа [[Ѓерѓ Лукач]] и [[Ернст Блох]]. Понатаму, значајни се припадниците на [[Франкфуртска школа|Франкфуртската школа]]: [[Херберт Маркузе]], [[Теодор Адорно]], [[Ерих Фром]], [[Макс Хоркхајмер]], [[Валтер Бенјамин]] и [[Јирген Хабермас]]. Помеѓу другите, во Англија денес активно работат [[Ерик Хобсбаум]] и [[Пери Андерсон]]. Во САД сѐ уште е актуелен [[Фредерик Џејмсон]]. Еден од најголемите интелектуалци од 20 век, [[Жан Пол Сартр]], постепено го модифицираше својот [[егзистенцијализам]], сѐ повеќе приклонувајќи се кон марксизмот. Исто така, значајни се [[Антонио Грамши]], [[Карл Корш]] и [[Луј Алтисе]].
Главниот напор на идеологиите на анархизмот бил насочен кон критика на идеите за социјализам и комунизам - како што тие биле изложени во делото на Маркс и Енгелс. Почетоците на овој судир се среќаваат уште во 40-тите година од 19-от век. Прв мислител на анархизмот со кој Маркс остро се судрил бил филозофот Макс Штирнер, со кој во ,,Светото семејство‘‘ Маркс остро полемизира и го нарекува Свети Макс. Затоа, на скалата на теоретичарите на анархизмот со кои Маркс остро се конфронтирал, стои во прв ред Макс Штирнер. Според него, основа на целата историја е апстракното, во себе повлеченото и со своите интереси окупирано индивидуално Јас. Тоа Јас, таа заменка Јас, ја олицетворува осамената единка која е фрлена во животот и чиј основен стремеж е стремежот за слобода. Тоа индивидуално, саможивно и во себе повлечено Јас, според Макс Штирнер, стремејќи се кон апсолутна слобода како смисла на своето постоење, бара ослободување од каква и да е организација, од каков и да е притисок на општеството и заедницата. Тоа индивидуално Јас суштествува во еден вид осаменост, па туѓа му е секоја организација. Оттаму и ќе потекне основниот стремеж на анархизмот, што ќе дојде подоцна до посебен израз кај Бакуњин, поединецот како индивидуално Јас, да се ослободи од притисокот и дисциплината на каква и да е организација, во прв ред политичка организација. Затоа идеологијата на Штирнер против која Маркс решително станува, беше изразито антикомунистичка. Според негово мислење, ова индивидуално Јас може да постои и се самоизразува само ако има приватна сопственост над средствата за производство.
 
Но најжестокиот судир во Интернационалата избил меѓу Маркс и главниот теоретичар на анархизмот Бакуњин. Маркс никогаш не стоел на становиште дека дури и во комунизмот ќе дојде до некое утописко општество, во кое секој поединец ќе биде неограничено слободен. Една мера на организација, односно една мера на социјално посредување, секогаш ќе мора да постои. Тоа бил всушност стожерот на Марксовата мисла врз која Бакуњин се нафрлил со сета острина. Додека Маркс сметал дека државата постепено ќе одумира во еден процес што може да трае стотици години, но кој, под раководство на свесните сили на слободните производители сепак ќе има свој краен успешен исход, Бакуњин истакнувал дека државата треба да се укине, така да се каже, преку ноќ, дека треба да се уништи со експлозија на бунтот на масите, дека со таа експлозија државата треба да се распарчоса (а замислете си како ќе им годи тоа на соседните капиталистички земји), дека треба да се изврши слеп јуриш на масите врз се што постои и дека треба да се уништи секоја организација во општеството. Но, на прашањето - што останува потоа?? - Бакуњин никогаш не одговорил. Кога ќе се уништи се, што останува? Отприлика, како денес прашањето - што ќе остане по нуклеарната војна?
 
Анархизмот беше и остана утопија, лош сон за наполно слободен поединец кој живее надвор од организацијата, за поединец кој својата апсолутна слобода ја доживува како изолираност од општеството и кој непомирливо му е спротивставен на општеството. Маркс, напротив, инсистира на една хумана организација на општеството, каде според познатата изрека од ,,Комунистичкиот манифест‘‘, слободата на поединецот ќе биде услов за слободна заедница, каде, според тоа, меѓу поединецот и заедницата во комунистичката организација ќе постои усогласен и хармоничен однос.
 
Од времето на судирот меѓу Маркс и Бакуњин, не е изведена ниедна анархистичка револуција, ниту е воспоставено ниедно анархистичко уредување. Значи, ако ја усвоиме познатата изрека, дека историјата е учителка на животот, тогаш токму историјата во таа смисла покажа во колкава мера Маркс имаше право во овој судир со Бакуњин, во колкава мера мислеше историски и дијалектички, а не на утописки, мечтателен и анархистички начин.
 
Еден податок ќе биде доволен. Анархистите решително станаа против поддршката на Париската Комуна во 1871-та година, без оглед во колкава мера Париската Комуна имаше благородни цели во ослободувањето на пролетаријатот, зашто Маркс за неа пишуваше дека тоа е првиот облик што ја покажува можноста за ослободување на трудот, организирано! Но, Бакуњин и неговите приврзаници, во времето кога ја развиваа својата идеологија, единствено најдоа поддршка во слојот на пролетаријатот што ја имаше изгубено надежта, што беше разочаран и деспериран и кого Маркс го нарекува лумпен-пролетаријат. Тоа се слоеви на пролетаријатот што никогаш не успеале да ја развијат класната свест. Оние слоеви кои не стигнале до сознанието за својата вистинска класна положба. Бакуњин кај нив се обиде на демагошки начин да изнајде социјална основа за своето движење, проповедувајќи дека токму тој слој мора да ја предизвика експлозијата на гнев на масите која ќе ја разурне државната и политичката организација. Но, тој и тука историски промаши, зашто тој слој, немајќи развиена класна свест, никогаш не можеше да изведе организирана класна побуна, како што можат свесните слоеви на работничката класа.<blockquote>...Кон крајот на 1868 во Интернационалата влезе русинот Бакуњин, со цел во нејзините рамки да основа една друга интернационала под свое раководство, под името ,,Alliance de la Démocratie Socialiste‘‘ (Алијанса на социјалистичка демократија). Тој – човек без никакво теориско знаење – претендираше во тој посебен организам да претставува научна пропаганда на Интернационалата и да ја направи таа пропаганда специјален повик на друга интернационала во рамките на Интернационалата.
 
Неговиот програм беше и од лево и од десно површно нафрлена мешавина – еднаквост на класите (!), укинување на наследното право како почетна точка на социјално движење (сенсимонистичка будалаштина), атеизам пропишан со членови како догма итн., и како главна догма (прудоновска) – воздржување од секакво политичко делување.
 
Овој детски буквар најде прием (и сеуште наоѓа извесна поддршка) во Италија и Шпанија, каде што реални услови за работничко движење се сеуште слабо развиени, како и кај некои честољубиви, шупливи доктринари во романскиот дел на Швајцарија и во Белгија.
 
За господин Бакуњин доктрината (негова штогодност, скрпена од Прудон, Сен-Симон итн.) била и останала споредно нешто – само средство за негово лично истакнување. Ако како теоретичар е нула, како интригант е во својот елемент...
 
Маркс во писмото до Ф. Болте (29 ноември 1871)</blockquote>
 
== Позначајни дела ==