Разлика помеѓу преработките на „Горноџумајски случувања“

Нема измена во големината ,  пред 1 месец
с
→‎Хронологија: Правописна исправка, replaced: Пирин планина → Пирин Планина
с (→‎Хронологија: Правописна исправка, replaced: неможејќи → не можејќи)
Ознаки: Прелистувач „Автовики“ Рачно отповикување
с (→‎Хронологија: Правописна исправка, replaced: Пирин планина → Пирин Планина)
 
* По контактите на Михајлов со генералот В'лков, Горна Џумаја била блокирана од бугарска војска и полиција, која имала за задача да ги убие или уапси сите останати приврзаници на Алеко Паша, но и членовите и раководителите на Илинденската организација. На 13 септември при обидот маскиран да се пробие низ опсадата на градот, бил заробен [[Георги Атанасов]], кој и покрај неговите молби да биде поштеден, бил застрелан од [[Асен Даскалов]].
* Четата на струмичкиот војвода Милан Пустоларски добила задача заедно со една бугарска воена единица да се упати кон селото [[Припечене|Препечино]], во близина на [[Петрич]], за да ги фати и убие атентаторите на Тодор Александров, војводите [[Штерју Влахов]] и [[Динчо Вретенаров]]. На [[15 септември]] четниците и војската ја опколиле куќата во која биле убијците на Александров, при што се развила жестока престрелка во која за да се принудат Влахов и Вретенаров на предавање бил запален кровот на куќата во која тие биле засолнети. Откако куќата веќе сериозно била зафатена од пламенот, се слушнале истрел од револвер и експлозија на бомба. Куќата целосно изгорела и потоа се утврдило дека Штерју Влахов се самоубил со истрел во устата, а Динчо Вретенаров си го одзел животот со бомба. Нивните тела не биле закопани, туку од страна на четниците и војниците биле фрлени во реката [[Струма]].
* На [[17 септември]] на падините на Пирин планинаПланина бил убиен [[Арсениј Јовков]], еден од раководителите на [[Илинденската организација]] и уредник на весникот „Илинден“. Во масовните убиства што ВМРО ги спровела над припадниците на македонската левица биле направени обиди за убиства врз повеќе членови на Илинденската организација, при што некои од нив, како [[Петар Ацев]] и [[Владо Георгиев]], успеале да се скријат. [[Георги Занков]] и Арсениј Јовков во нивната намера да побегнат се упатиле кон градот [[Дупница]]. Притоа Занков успеал да побегне во странство, во [[Виена]], додека Јовков, којшто бил крупен човек по природа, не можејќи да бега бил пристигнат од неговите гонители и бил погубен.
* Во септември 1924 година бил убиен припадникот на македонската левица [[Методи Алексиев]] во близина на селото [[Покровник (Горноџумајско)|Покровник]], Горноџумајско, од страна на терористи на ВМРО, откако претходно безобзирно и најсурово бил одвлечкан од читалиштето во Петрич и пред неговото убиство, однесен во Горна Џумаја.
* Неколку дена по Горноџумајските убиства во близина на [[Петрич]] биле убиени браќата Коста и Нашко Елшански, блиски пријатели на убијците на Александров, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров.