Никотинамид аденин динуклеотид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Редокс функции на NAD: Јазична исправка, replaced: матрикс → матрица (2)
с →‎Редокс функции на NAD: Јазична исправка, replaced: итохондријална → итохондриска
Ред 64:
NAD има важна улога во трансферот на електрони во различни ензим-катализирани редокс реакции. NADH во редокс реакции оддава строго 2e<sup>-</sup>, односно, NADH во редокс реакции не оддава поединечни електрони.<ref>{{Наведено списание|last=Verkhovskaya|first=M. L.|last2=Belevich|first2=N.|last3=Euro|first3=L.|last4=Wikstrom|first4=M.|last5=Verkhovsky|first5=M. I.|date=2008-03-11|title=Real-time electron transfer in respiratory complex I|url=http://www.pnas.org/cgi/doi/10.1073/pnas.0711249105|journal=Proceedings of the National Academy of Sciences|language=en|volume=105|issue=10|pages=3763–3767|doi=10.1073/pnas.0711249105|issn=0027-8424}}</ref> Притоа двата електрони се оддаваат во форма на хидриден јон (''':'''H{{+}}). Во повеќето клетки соодносот меѓу оксидираната форма NAD{{+}} и редуцираната форма NADH е висок (1000:1) што фаворизира пренос на електрони (во форма на хидриден јон) врз NAD{{+}}. Во оксидативните метаболички процеси како што е гликолизата, оксидацијата на пируватот, оксидацијата на супстрати во циклусот на трикарбонски киселини, NAD{{+}} служи како акцептор на електрони (оксидативно средство). Примените електрони крајно се предаваат на електронскот транспортен синџир, на првиот белковински комплекс наречен NADH-дехидрогеназа. Со предавањето на електроните врз електронскиот транспортен синџир молекулата на NAD се регенерира (реоксидира, од NADH во NAD{{+}}) и може повторно да служи како електрон-акцептор. Енергијата ослободена од трансферот на електрони низ електронскиот транспортен синџир се користи за директно пумпање на протони во интермембранскиот простор на митохондриите и градење на протонскиот градиент. Енергијата ослободена од транслокацијата на протоните од интермембранскиот простор кон митохондриалната матрица во правец на нивниот концентрациски градиент ѝ овозможува на АТП-синтазата генерирање на АТП молекули. Краен акцептор на електроните е молекуларниот кислород (О<sub>2</sub>). Во просек од секој NADH молекул се генерираат 2,5 АТП молекули.
 
NAD е солубилен (мобилен) коензим за разлика од FAD кој е простетична група, цврсто врзана за ензимот. Во својата оксидирана форма NAD{{+}} се врзува лабилно за нуклеотид-врзувачки домен во структурата на ензимот. Примајќи електрони (во форма на хидриден јон) NADH дисоцира од ензимот во водниот раствор (пр. цитозолот или митохондријалнатамитохондриската матрица).
 
==== Други функции на NAD ====