Ник Калатес: Разлика помеѓу преработките

Американски кошаркар
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox basketball biography 2 | name = Ник Калатес | fullname = | image = Konstantakopoulos against Panathinaikos.jpg | image_size = 200px | caption = | position = плејмејкер | height = 1,98 м | weight = 97 кг | league = | team = {{Basket Barcelona}} | number = 99 | nationality = {{flagsport|GRE}} Грција | bi...
(нема разлика)

Преработка од 22:18, 15 октомври 2021


Николас Вилијам Калатес (роден на 7 февруари 1989 година) е грчки кошаркар, плејмејкер на Барселона и на грчката репрезентација.

Ник Калатес


Лични информации
Роден на 7 февруари 1989(1989-02-07)(35 г.)
Роден во Каселбери, САД
Националност Грција Грција
Висина 1,98 м
Тежина 97 кг
Позиција плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ Флорида
Драфт 2009 / Рунда: 2 / Пик: 45
Избран од:
Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
Проф. кариера 2009—
Моментален клуб
Клуб Барселона Барселона
Број 99
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2009-2012
2012-2013
2013-2015
2015-2020
2020-
Панатинаикос Панатинаикос
Локомотив Кубан Локомотив Кубан
Мемфис Гризлис Мемфис Гризлис
Панатинаикос Панатинаикос
Барселона Барселона
Репрезентација
2009– Грција Грција

Роден во САД, Калатес започнал да игра кошарка во средното училиште Лејк Хауел. Потоа, тој продолжил да игра колеџ-кошарка на универзитетот Флорида за екипата на Флорида Гејторс, каде поминал две години. Тој пружил одлични игри на колеџот, прославувајќи се како најдобар асистент во својата екипа во двете сезони, но и покрај тоа што му се предвидувала блескава НБА иднина тој се решил да ја започне својата кариера во екипата на Панатинаикос со која потпишал договор во мај 2009 година. Во меѓувреме, тој исто така учествувал на НБА драфтот, каде бил избран како 45-ти пик.

Калатес дебитирал за Панатинаикос во сезоната 2009-2010 и оттогаш со тој клуб освоил две титули во грчкото првенство, еден национален куп и титулата во Евролигата во сезоната 2010-2011. Во летото 2012 година, Калатес потпишал договор со руската екипа Локомотив Кубан. Со одличните игри во текот на сезоната, тој ја предводел руската екипа до титулата во УЛЕБ Еврокупот, а потоа бил избран и за најкорисен играч во натпреварувањето.

Во август 2013 година, Калатес потпишал двегодишен договор со НБА екипата Мемфис Гризлис. Своето НБА искуство го започнал на 30 октомври 2013 година, кога дебитирал во натпревар против Сан Антонио Спарс играјќи 4 минути во кои забележал два поени, два скока и една асистенција. Во април 2014, тој бил суспендиран од лигата заради тоа што бил позитивен на допинг-тест.

Во јули 2015, тој се вратил во екипата на Панатинаикос помагајќи му на клубот да освои уште три титули во грчкото првенство и три купа. Покрај тоа, тој се нашол во првата постава на идеалниот тим на Евролигата за сезоните 2017-2018 и 2018-2019. Во јули 2020 година, Калатес се преселил во шпанската екипа Барселона. Во првата сезона со нив тој ги освоил првенството и купот на Шпанија и стигнале до финалето на Евролигата каде загубиле од Анадолу Ефес.

Титули

Клупски

Еврокуп : 1

2012-2013

Евролига : 1

2010-2011

Грчко првенство : 5

2009-2010, 2010-2011, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019.

Куп на Грција : 4

2012, 2016, 2017, 2019.

Шпанско првенство : 1

2020-2021.

Куп на Шпанија : 1

2021.

Поединечни

Репрезентативни

Надворешни врски