Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
881.371
уредување
с (→top: Правописна исправка, replaced: поп музи → поп-музи) |
с (→top: Јазична исправка, replaced: пропратн → придружн) |
||
Имаше голем интерес на медиумите во целиот свет а 40-годишнината на Вудсток во 2009 година. Неколку активности во спомен на фестивалот беа одржани низ целиот свет. На 15 август, во Ценатрот за уметности во Бетел кој е со поглед на оригиналната локација, најголемиот собир на поранешни настапувачи на Вудсток од настапот во 1969 година беше одржан во еден осумчасовен концерт пред публика која ги имаше купено сите билети. Домаќин на концертот беше Кантри Џоу МекДоналд, а настапија Биг Брадер енд д холдинг кампани кои ги изведуваа хитовите на Џенис Џоплин (таа всушност и се појави на Вудсток со Козмик Блуз Беник, иако групата го промовираше тогаш поранешниот гитарист на Биг Брадер, Сем Ендру), Кенд Хиит, Тен Јиаз Афтер, Џеферсон Старшип, Маунтинм и звездите, групата Левон Хелм. На Вудсток, Левон Хелм свиреше тапани и беше еден од водечките вокали со Д бенд. Пол Кантнер беше единствениот од составот на Џеферсон Ерплени од 1969 година, кој се појави со Џеферсон Старшип. Том Константен, кој свиреше клавијатура со Грејтфул Дед на Вудсток, му се придружи на Џеферсон Старшип на сцената за неколку точки. Џоко Марселино од Ша На На исто така се појави, поддржан од Кенд Хиит. Ричи Хевенс, кој го отвори Вудсток фестивалот во 1969 година, се појави на посебен настап претходната вечер. Крозби, Стил, Неш енд Јанг и Арло Гатри исто така ја обележаа годишницата со настапи во живо во Бетел порано, во август 2009 година.
Друг настан се случи во Хокраст, Кент (ОК), на забава наречена Лето на љубов, со настапувачи кои вклучуваа два од првичните настапувачи на Вудсток, Бери Мелтон од Кантри Џоу енд д фиш и Робин Вилијамс од Ди Инкредабл Стринг Бенд, плус
Исто така, во 2009 година, Мајкл Ланг и Хоули Џорџ-Ворен го објавија Патот кон Вудсток, во кој е опишана вклученоста на Ланг во создавањето на музичкиот и уметничкиот фестивал на Вудсток, а вклучува лични приказни и цитати од централни личности вклучени во настанот.
|
уредување