Глаголица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
Глаголицата е првото словенско писмо составено од [[Св. Кирил|св. Константин - Кирил Филозоф]] пред заминувањето на познатата [[Моравска мисија]] во 863 година.<ref name="Македонската глаголица">{{наведена книга|last=Поп-Атанасов|first=Ѓорѓи|authorlink=Ѓорѓи Поп-Атанасов|title=Македонската Глаголица|year=2015|publisher=МАНУ|location=Скопје|pages=3–7}}</ref> Писмото е составено врз основа на гласовниот систем на [[Македонски дијалекти|македонскиот дијалектен]] говор од [[Солунско|Солунскиот крај]], врз чијашто основа светите Кирил и Методиј формирале општословенски книжевен јазик.<ref name="Македонската глаголица" /> [[Ростислав (кнез)|Ростислав]], кнезот на [[Велика Моравија]], сакал да го ослободи [[словени|словенскиот]] народ во неговото царство од зависноста од источните [[франки]]ски свештеници и затоа, во [[862]] побарал од [[Византиски императори|византискиот цар]] да му прати дваjца мисионери, [[Свети Кирил и Методиј]], во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу [[863]] (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и [[885]] за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).
 
[[Податотека:ZographensisColour.jpg|мини|лево|[[Зографско евангелие]] (крај на X/почеток на XI век)]]
Во [[886]], источнофранкискиот епископ на [[Нитра]] по име [[Вихинг]] го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот [[Борис I]] да ги образуваат свештениците на словенски јазик. Пои прифаќањето на христијанството во [[Бугарија]] во [[864]], верските [[церемонии]] биле изведувани на [[Грчки јазик|грчки]] од свештеници пратени од [[Византија]]. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмо и и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во [[Охридска книжевна школа|Охрид]] и [[Преславска книжевна школа|Преслав]].