Броило на електрична енергија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонска предлошка, replaced: commonscat → Ризница-врска
с →‎top: Јазична исправка, replaced: саатот → часот
 
Ред 12:
Најчесто во употреба е Халов [[сетилник]] на напон во кој се индуцира напон сразмерен на струјата на оптоварување. Потоа, во логичките модули се врши множење на напонот и струјата, а со множење со изминатото време се добива износот на преземената електрична енергија кој е испишан на [[Дисплеј со течни кристали|дисплејот со течни кристали]] (LCD). Освен Халовата сонда, за мерење на струјата се користи и [[струен трансформатор]] или прецизен [[отпорник]] – шант, па со множење на напонот и струјата се врши со помош на посебно дизајнирано [[интегрирано коло]] (чип).
 
Понапредните комби електронски броила одвоено мерат 4 енергии: работна потрошена, работна произведена, јалова индуктивна и јалова капацитивна енергија. Освен енергијата електронските броила ја мерат моќноста и имаат интегриран лимитер. Најголемата предност на електронските броила е што може да се вмрежуваат и да се отчитуваат со рачен терминал или далечински преку [[ГСМ]] или фиксен [[модем]]. Најчесто електронските броила имаат одвоени месечни извештаи за потрошувачката и моќноста најмалку за 12 месеци и тоа се вика пресметковен период. Електронските броила најчесто имаат повеќе од две тарифи и самостално ја префрлаат тарифата преку сопствен саат и складирани времиња за префрлање. Ваквите броила, освен интегрираниот саат, може да имаат и интегриран приемник за мрежно тонско управување кој ги прима командите од мрежата и врз основа на нив ги префрла тарифите, ги менува поставените времиња на префрлање или го синхронизира саатотчасовникот на броилото.
 
==Наводи==