Историја на Охрид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 21:
 
Во 1204 година, за време на [[Четврта крстоносна војна|четвртата крстоносна војна]] Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на [[Солунско кралство|Солунското латинско кралство]]. Во [[1334]] година српскиот крал [[Стефан Душан|Душан]] ги презел градовите Охрид, [[Прилеп]] и [[Струмица]]. Во [[1378]] година, била доградена црквата [[Света Богородица Перивлепта]] (Свети Климент) во Охрид.
 
Охридскот крај, кој уште од втората половина на 1350-те години век бил опфатен во рамките на самостојна феудална државичка на чело со севастократорот [[Бранко Младеновиќ]] и по создавањето на [[Прилепско кралство|Прилеското Кралство]], про­должил да се управува од свои самостојни владетели — вазали на [[Волкашин]]. Таков бил кесарот Новак, кој управувал во Охридско околу 1369 година. Во науката се уште не е точно утврдено кога станал владетел на Охридската феудална држа­вичка. Пред него, околу 1361 година, во Охридско веројатно управувал кесарот Гргур Голубиќ. Овој охридски владетел во 1361 година со свои средства го изградил манастирот Заум на југозападниот брег на Охридското Езеро до селото Трпејца.
 
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа ([[IX век]]), додека во местото [[Плаошник]] близу градот се наоѓа реставрираната црква [[Св. Климент]] чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од [[13 век|XIII век]].