Хокеј на мраз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нерелевантна слика
Ознака: Рачно отповикување
с →‎Развој на хокеј на мраз: Јазична исправка, replaced: америчк → американск
Ред 37:
Иако не е документирано, се смета дека првиот хокеарски натпревар во Европа е одиграна во 1885 година, во швајцарското зимувалиште [[Санкт Мориц]], помеѓу универзитетските екипи на Оксфорд и Кембриџ. Победник на натпреварот беше Оксфордскиот тим Дарк Блу, кој водеше со 6:0. Првите фотографии и тим листи датираат од 1895 година. Соперништвото помеѓу овие две екипи продолжило понатаму, а се смета и за најстаро во историјата на хокеј на мраз. Тоа не е единствената игра во Европа која настанала од игри со стап и топка. Друга популарна игра во Европа е бенди која се игра на мраз, но наместо плочка се користи топка. Во денешно време оваа игра е многу популарна во Шведска, Норвешка, Финска и Русија.
 
Во 1888 година, тогашниот канадски гувернер Лорд Стенли од Престон, чии синови и ќерки станаа љубители на хокеј, присуствувале на турнирот на Зимскиот карневал во Монтреал и беа воодушевени од овој хокеј спектакл. Тогаш приметиле дека пбедничкиот тим во Канда не добива никакво признание и дека заслужува трофеј. Во 1892 година Стенли го направил првиот хокеарски трофеј кој изгледал како обична декоративна чинија.Подоцна овој трофеј стана познат како Стенли куп, а првпат бил доделен во 1893 година на победничката екипа ХК Монтреал на АНАС лигата. Истиот трофеј се доделува и денес на победниците на северноамеричкеатасеверноамериканскеата НХЛ лига. Синот на Стенли, Артур е еден од основачите на Хокеарската асоцијација Онтарио, а неговата ќерка Изабела станала првото женско кое играло хокеј на мраз.
 
До 1893 година биле основани преку сто аматерски хокеарски екипи само во Монтреал, а биле основани и клубови и натпревари низ цела Канада. Играчите од Винипег во оваа игра воведоа вид на штитници за поголема заштита на колената на голманите. Мрежата на головите станала стандрдна карактеристика на хокеарските терени во 1900 година, потоа биле воведени и термините лев и десен одбранбен играч.