Христијанова Пештера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с →‎Морфометриски одлики: Правописна исправка, replaced: полу-з → полуз
Ред 33:
Од влезот на пештерата кој има облик на триаголник (3 х 1 м) кон североисток се простира хоризонтален пештерски канал во должина од 12 метри, додека во северозападен правец изграден е главниот пештерски канал кој се спушта под наклон од 45°<ref name="Колчаковски" />. Во средишниот дел на главниот пештерски канал, односно на просторот каде истиот свртува кон североисток изградени се три споредни канали, во три нивоа<ref name="Колчаковски" />. Овие помали пештерски канали го задржуваат северозападниот правец што дотогаш го има и главниот пештерски канал. После мал отсек, главниот пештерски канал продолува кон североисток - исток во должина од 8 метри. Од крајниот дел на главниот канал во северен правец е изградено најголемото пештерско проширување, односно пештерската сала. Должината на пештерската сала во меридијански правец изнесува 16 метри, додека нејзината максимална напоредничка должина достигнува 22 метри. Височината на таваницата во почетниот дел од пештерската сала е доста мала и изнесува само 0,5 метри<ref name="Колчаковски" />. Понатаму кон север оваа височина се зголемува при што веднаш после сурнатиот блок достигнува 3 метри. Најголемата височина на таваницата се наоѓа во западниот дел на салата и истата изнесува 4,5 метри. Должината на Христијановата пештера од влезот до крајниот северен дел на пештерската сала изнесува 46 метри, додека заедно со сите споредни канали нејзината должина достигнува 84 метри<ref name="Колчаковски" />. Од влезот на пештерата (600 м.н.в.) до дното на пештерската сала постои висинска разлика од 18 метри, т.е. пештерската сала се наоѓа на 528 метри надморска височина. Релативната височина во однос на коритото на Сува Река изнесува 75 метри<ref name="Колчаковски" />.
 
Од останатите карактеристики во Христијановата пештера прелиминарно се опфатени и температурните особености, при што се добиени следните резултати: при температура на воздухот на површината од 31°С (13 часот) веднаш после пештерскиот влез измерени се 21°С, на 8 метри од влезот 19°С, додека во останатите делови од пештерата и во пештерската сала 18°С<ref name="Колчаковски" />. При посета на повеќето пештери во околината во еден ист студен (зимски) ден, е забележано дека Христијановата пештера има многу топла внатрешност за разлика од блиските [[Бозгунова Пештера|Бозгунова]] и [[Ледена (пештера)|Ледена]]<ref name="Геоекспедиции">Забележале [[Корисник:Македонец|Марио Шаревски]], Зоран Костадинов и Слободан Трајковски при посета на Христијановата Пештера во рамки на [[Википедија:Геоекспедиции|Геоекспедиција]] спроведена на 10.03.2017</ref>, што може да се должи на малиот, тесен и полу-затворенполузатворен отвор кој не дозволува поголем продир на студените и воопшто на воздушните струења.
 
==Геоморфолошки одлики==