ФК Милан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазично подобрување, replaced: от шампионат → ото првенство, скиото → ското
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: Џиани → Џани
Ред 62:
Клубот бил основан во 1899 година од страна на [[Велика Британија|британските]] доселеници [[Херберт Килпин]], [[Алфред Едвардс]] и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на [[фашизам|фашистичкиот режим]], исто како и [[Џенова ФК|Џенова]] и [[Интер Милано|Интернационале]]). Милан го освоил за прват италијанското првенство во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.
 
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, [[Интер Милано|Интернационале]]. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула сè до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го [[Европски куп|Европскиот куп]] победувајќи ја [[Бенфика]] во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и [[Интерконтинентален куп|Интерконтиненталниот куп]] истата година. По пензионирањето на [[ЏианиЏани Ривера]], за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во [[серија Б]], за првпат во историјата. Скандалот беше заснован на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во [[серија А]], но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија првенството 1981-82 во зоната за испаѓање.
 
Во 1986, претприемачот [[Силвио Берлускони]] го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст [[Ариго Саки]] на чело на росонерите и потпиша договор со [[Холандија|холанското]] трио [[Марко ван Бастен]], [[Руд Жилит]] и [[Франк Рајкард]]. Ова беше почеток на најуспешното време во клупската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет [[Лига на шампиони|Шампионски лиги]] и три Интерконтинентални купа.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ФК_Милан